Реакција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ- Аеродром на соопштението на OO СДСМ Аеродром
СДСМ продолжува со деструктивното сценариото за создавање кризи со помош на лагите и манипулациите од нивните Фабрики за афери.
Во очај пред сигурниот пораз на избори, сега СДСМ се обидува манипулативните сценарија да ги прелее од централно на локално ниво.
СДСМ сака општините во Република Македонија да изгледаат како што изгледаат откако СДСМ ќе мине еден мандат во нив – опушстошени.
Повеќе од 90% од приходите на општините доаѓаат од комуналиите кои се плаќаат при изградба на нови објекти. СДСМ сака да прекине развојот и изградбата на објекти за ошптините да колабираат и да не можат да ги извршуваат своите основни обврски.
СДСМ е среќен кога земјата е блокирана. Тоа е природната средина за СДСМ. Затоа граѓаните не му дозволуваат на СДСМ и Фабриките за афери да се доближат до власта.
Локациите кои СДСМ си ги заокружувал и кои ги користи за да ги лаже
и манипулира граѓаните се локации на кои се предвидени станбени објекти
уште пред да биде формирана општина Аеродром. Изградбата на објекти на овие локации е испланирана уште во времето кога функционерите на СДСМ раководеа со тогашната општина Кисела Вода, во која спаѓаше и овој дел од денешна општина Аеродром.
Со новите урбанистички планови предвидена е изградба на објекти на 3 локации во приватна сопственост, две на кои ќе има објекти со катност П+3, а третата е на градежно земјиште покрај булеварот „Јане Сандански“ во линија со веќе изградените објекти како „Капитол“, „Веро“, „Скопски пазар“ и останатите.
Со измените за другиот ДУП во Горно Лисиче се предвидува изградба на 30 нови згради на место кое е преполно со градежен шут, без зеленило, и претставува лоша слика за Општината и за Градот. Со реализација на овој ДУП ќе се урбанизира оваа локација.
СДСМ лаже и за тоа дека општина Аеродром не се грижи за зеленилото.
Во новите урбанистички планови не е предвидено уништување на зелени површини за изградба на нови згради.
Општина Аеродром секогаш се грижела за зеленилото, го заштитувала постојното и гради нови зелени површини со содржини за рекреација, детски игралишта и други содржини кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните.
Единствената вистина која граѓаните на општина Аеродром ја знаат е дека во време на ВМРО-ДПМНЕ општината оди напред и се развива, а СДСМ за цело време се служи со празни конструкции и измислици од фабриките за афери кои наместо да продуцираат идеи за развој, продуцираат само лаги и манипулации.
Затоа граѓаните не му ја даваат поддршката на СДСМ кој секогаш кога ќе зине ги лаже. Затоа граѓаните го бираат ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи знаат кој се грижи за нив и постојано ги брани нивните интереси.
СДСМ продолжува со деструктивното сценариото за создавање кризи со помош на лагите и манипулаци