Прес конференцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, како реакција на пресот на ЛДП во Битола на 26. 08.2016 година. Пресот го одржа Валентина Маркоска – портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.Опозицијата мисли дека ако сто пати повтори една иста конструкција, дека на тој начин ќе ја претвори во вистина.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ по стоти пат ќе им одговори дека целокупниот имот, вклучително и зградата на новото седиште на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола е стекнат по легален пат, во согласност со законските нормативи, по пат на членарина и донации во еден крајно транспарентен процес. Ваквиот начин на работа очигледно е непознат и несфатлив за СДСМ.
За нив е чудно инфраструктурата на партијата да се гради од нула и да се грижи за сопствените ресурси. За разлика од СДСМ која што наследи огромен имот стекнат на грбот на граѓаните, ВМРО ДПМНЕ во изминатите 26 години плаќаше кирија за обезбедување на простор за работа на своите членови.
Почитувани либерал демократи, доколку толку многу ве интересира имотниот статус на партииите, најдобро би било да ги прашате вашите ментори СДСМ со колкав и каков имот располагаат.
СДСМ наследи огромен имот од поранешниот Сојуз на комунисти на Македонија. До ден денес тие користат имот кој е граден со пари од граѓаните и за тоа не дале никаква сметка и не понеле никаква одговорност. За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ во своја сопственост немаше ниту една гаража каде можеше да ги одржува своите состаноци.
Имотот на СДСМ е наследство од Сојузот на комунисти, и е граден со пари од сите граѓани на Република Македонија а не ексклузивно од партиското членство. Вредноста на недвижниот имот со кој располага СДСМ чини најмалку 5 000 000 евра. Овие пари не се ниту од чланарини, ниту од донации. Овие пари се на сите граѓани на Република Македонија, а СДСМ ги зграби како наследник на Сојузот на комунисти.
– Тоа е вистината и тоа се фактите околу партиските имоти. Останува уште одговорот на прашањето, дали и кога СДСМ ќе го врати имотот со кој располага, а е граден со пари на сите граѓани и чија вредност достигнува над 5 000 000 евра?Опозицијата мисли дека ако сто пати повтори една иста конструкција, дека на тој начин ќе ја претвори во вистина.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ по стоти