Деновиве сме сведоци на разни дезинформации и полувистини од страна на опозиционерите, а во врска со издавањето на Евро обврзницата. Затоа комисијата за економија и финанасии на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола сака да ја информираме јавноста за ВИСТИНСКАТА вистина.Накратко би сакале да ја информираме јавноста околу постапката на издавање на Евро обврзница.
Имено, постои процедура во која издавачот на обврзницата изнајмува реномирана финансика институција, во случајот Дојче Банк, која изготвува проспект и го доставува до можните купувачи на обврзницата, кои што од своја страна ја изразуваат својата спремност за купување на истата како и прифакање на условите во истата.
Посебно би сакале да го потенцираме актуелниот момент на финансиските пазари во евро зоната, односно висината на EURIBOR каматната стапка и каматните стапки во земјите на ЕУ. Имено, во некои земји како на пр.,Германија,Шведска,Данска,Швајцарија депозитните камати се НЕГАТИВНИ.
EURIBOR стапката на 30.11.2015 изнесуваше:
За 1 недела -0,166%, за 1 месец -0,16%, за 3 месеци -0,114%, за 9 месеци -0.003% и за 12 месеци 0,048%.
ЕЦБ ја намали депозитната камата на -0,3%
Во вакви услови на историски најниски каматни стапки прудентно е да се изврши задолжување, дури и позајмените средства да се чуваат, што не е случај за РМ, туку сакаме уште еднаш да истакниме колку е прудентно да се изврши задолжување во вакви услови. Како потврда на овие тврдења нека послужи податокот дека едновремено заедно со РМ многу земји од опкружувањето се задолжија. На пример: Црна Гора 500 милиони евра, Хрватска 1,5 милјарди евра, Словенија 2,5 милјарди евра, што само претставува потврда на предходно изнесените констатации.
Во вакви услови РМ издаде евро обрзница за 270 милиони евра со ФИКСНА каматна стапка од САМО 4,875%. Колку само за споредба, последната Влада на СДСМ во 2005 година исто така издаде Евро обврзница за 150 милиони евра со каматна стапка од 12%. Одговорот на прашањето која Влада подобро сработила го оставаме на јавноста.
Кога опозицијата критикува, зборува само за задолжувањето и намерно заборава да кажи колку РМ и се раздолжува. Имено деновиве е исплатена евро обврзница издадена од Владата на СДСМ во 2015 со се каматата од 12%, односно платена е камата во износ од 69 милиони евра, скоро половина од висината на заемот.
Зошто опозицијата го премолчува овој факт, станува јасно кога ке се види разликата во каматната стапка од 300%. Но, ние сме тука да ги потсетиме и нив и граѓаните на РМ за ВИСТИНСКАТА вистина!Накратко би сакале да ја информираме јавноста околу постапката на издавање на Евро обврзница.
Имено, постои процедура во која издавачот на