Реакцијата на пресот на СДСМ на 26.09.2016 год. Игор Хаџиевски – член на Советот на Општина Битола.СДСМ уште еднаш се обидува да го злоупотреби Советот за да покаже лажна грижа за граѓаните.
Овојпат за дневнополитички поени, надвор од своите законски надлежности, сакат да оспорат една добра долгорочна идеја која има за цел релаксирање на метежот и зголемување на безбедноста во сообраќаќајот.
Советниците на СДСМ игнорирајќи ги надлежностите на Комисијата за спроведување на договорот за јавно приватно партнерство со „Стентон градба – Градски паркинзи , Битола “ се обидуваат техничките претставки да ги прикажат како аргументи за раскинување на договорот, во надеж дека така, барем малку ќе се додворат кај дел од граѓаните и ќе го подигнат својот очаен рејтинг.
Сметаме дека нивното барање – Советот да дискутира за прашања од техничка природа, како – сомнежи за фалсификувани лепенки, смс пораки, местоположба на наплатните бараки и секојдневни проблеми сакаат неосновано да го прикажат како причина за раскинување на договорот.
Им порачуваме дека наместо да го губат времето на Советот кој има поважни работи за решавње, можат како граѓани да упатат претставки до Комисијата за споведување на договорот, која меѓу другото до сега не добила ниту една формална реакција.
Советниците од ВМРО ДПМНЕ се во постојан контакт со граѓаните.
Во нивен интерес будно го следиме спроведувањето на договорот и размислуваме за заедничко подобрување на ефикасноста на проектот – аналитично, систематски и во рамките на законските надлежности. Нема да поддржиме импровизирани спинови на СДСМ во обид очајно да ја поправат својата крајно нарушена доверба пред граѓаните.
СДСМ уште еднаш се обидува да го злоупотреби Советот за да покаже лажна гриж