Советник од редовите на СДСМ гордо се фали што сè досега успеале да уништат во нашиот град, во нашата Битола!Почитувани битолчани,
Сакам убаво да погледнете со што и кој се фали на социјалните мрежи! Советник од редовите на СДСМ гордо и полн со ентузијазам се фали, што сè досега успеале да уништат и да осквернават во нашиот град, во нашата Битола!
Досега невидено, никаде во никое демократско општество никој не се пофалил со вандализам и сквернавење освен нашата опозиција…
А само замислете, како би се фалеле и ликувале за нивните “недела” кога би дошле на власт, кога уште сега се закануваат дека повторно ќе си ја почнат истата политика на деструкција и уништување што веќе добро си ја знаат. Уништување и затворање на се што е постигнато, новоотворено, новоизградено, сите можности за граѓаните, се што Македонија може да ја води напред, и тоа се само за да ја задоволат својата желба за власт!
Зарем уништувањето и сквернавењето на споменици, на јавни институции во сопственост на Македонскиот народ, и непочитувањето на никаква вредност се нешта со кои една политичка опција би требало да се пофали?!
Сепак во недостаток на реални резултати, недостаток на реализирани проекти, недостаток на доверба кај граѓаните, нивниот очај води до безскрупулозни начини за кревање на рејтингот и за стекнување на доверба кај граѓаните.
Но граѓаните веќе ја почустуваа Вашата политика и Вашите дела, и тоа ги чинеше многу во текот на деведесетите години. Ги чинеше пропаднати фабрики, работници на улица, пирамидални штедилници, очај кој водеше до загуба на животи, стечај, рекорден број на невработени. Никој сеуште не го заборавил тоа, и ни една Ваша боја и никакви замачкувања на очи, нема да може да го прекријат она што навистина го направивте и го правите заменувајќи ја и сопствената земја за власт.
Изјави: Елена Трајчевска
Советник во советот на Општина Битола
од редовите на ВМРО-ДПМНЕПочитувани битолчани,
Сакам убаво да погледнете со што и кој се фали на социјалните мрежи! Советник од редовите на СДСМ гордо и полн с