Интегрален текст од пред конференцијаата на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола – Валентина Маркоска портпарол.Почитувани Битолчани,
Стравот на Зоран Заев и Радмила Шекеринска дека немаат никаква поддршка во Битола денес станува реалност.
Битола има широк и простран плоштад ама тие бината ја поставуваат, понапред на ова место, во најтесниот дел на Широк Сокак и да можеа уште повеќе ќе го стеснеа.
Свесни дека нема што да бараат во градот во кој живеат паметни луѓе кои не веруваат на нивните лаги, им преостанува да маскираат, режираат, монтираат вештачка поддршка и публика која ја немаат.
Ја изгубија поддршката дури и кај своите членови со обидот да излажат и понекој од чесните албански гласачи, додворувајќи се со многу опасни, етнички теми кои ја загрозуваат унитарноста на државата и заговараат редефинирање на нејзиното уредување.
Во изминатите 2 години политичка криза тие јасно покажаа дека не им е гајле ни за државата ни за граѓаните и дека нивната вистинска цел е нестабилна, небезбедна Македонија. Македонија во хаос и безредие, со закочен, нефункционален систем, парализирана економија, низок стандард и огромна зависност од надвор. И сето тоа само и само за да ја направат земјата лесен плен за туѓи интереси, кои се’ уште демнат, набљудуваат од страна и очекуваат да потклекнеме.
Немаат ни програма, ни капацитет,а на способните чесни осцијалдемократи не им даваат шанса.
Програмата ја препишаа, кампањата ја урадоа, ветуваат нереални проекти и со цел памет очекуваат дека некој ќе им поверува, и тоа – овде во Битола , градот кој го запустија, му ги затворија сите фабрики, и го ограбија со ТАТ.
Почитувани Битолчани,
Проектите кои се однесуваат на Битола имаат значајно, централно место во до сега најобемната, наиздржаната и напрецисната предизборна Програма во република Македонија.
Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија Битола ја има со 61 проект кои се значајни по важност, и по обем, и по издвоени средства.
Ние сме сигурни дека Вие, драги наши сограѓани, најдобро знаете да оцените што за Вас е подобро, и кој знае, умее и може да обезбеди работа, стабилност и напредок за Битола и Република Македонија.
Валентина Маркоска – портпарол на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола
Почитувани Битолчани,
Стравот на Зоран Заев и Радмила Шекеринска дека немаат никаква поддршка во Битола денес ста