ОК ВМРО- ДПМНЕ Прилеп: Г-ѓо Ременски добредојдовте во реновираниот Центар за Социјални работи во Прилеп, инвестиции вредни 8 милиони денариПочитувани,
Г-ѓо Ременски добредојдовте во реновираниот Центар за Социјални работи во Прилеп, инвестиции вредни 8 милиони денари. Граѓаните многу добро го паметат владеењето на СДСМ кога не постоеше социјална политика во нашата држава и немаше никакви инвестиции. За времето на СДСМ социјалната помош не се зголемуваше, а пензиите нередовно се исплаќаа и наместо да бидат зголемени им беа кратени по 8% на пензионерите. Најниската пензија за време на СДСМ изнесуваше 4300 денари, а со последното покачување, септемвриската пензија ќе изнесува 8400 денари или 94% покачување на најниската пензија. Просечната пензија е за 79% повисока од времето на СДСМ, социјалната помош од 2006 година до сега е зголемена за 47%, а постојаната парична помош за 46%. Сето ова се случуваше во години на светска економска криза и кога државите од нашето соседство намалуваа плати и пензии и отпуштаа луѓе од работа. Ова се фактите и граѓаните тоа го знаат.
Во изминатите месеци Македонија можеше да се потсети што значеше владеењето на СДСМ. Она што Заев го најавуваше дека ќе јадат живи луѓе и ќе бркаат од работа од директори до хигиеничари, Ременски го спроведува, кршејки закони и процедури. Доказ за тоа е партизација на институциите во ресорот на труд и социјална политика. Г-ѓо Ременски, единствено по што ќе ве паметат граѓаните е унапредувањето на вашиот сопруг во МВР, тоа се приоритетите на СДСМ, нивните најблиски во семејството но никогаш граѓаните, па според тоа не е ни чудо што за вас, како бивш член на ВМРО-ДПМНЕ, немало место во нашата партија.
ВМРО-ДПМНЕ, како сериозна политичка партија, за која најважни се граѓаните, особено внимание посветува на социјалната политика. Со проектот „Македонија вработува“ на ниво на Република Македонија отворени се 12.621 работни места до сега, а проектот трае до крајот на месец април. Само во Прилеп, само преку оваа мерка за неколку месеци вработени се 710 луѓе. 655 лица имаат добиено неповратни средства за самовработување, а 619 се вработиле преку кредитирање. 107 лица се вработија преку проектот на Македонски шуми за вработување на социјално загрозени семејства. Тоа се повеќе 2000 прилепски фамилии кои директно, само преку овие неколку мерки на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ, се вработени и носат плата во своите семејства. СДСМ не знае што значи зборот вработување, но затоа многу добро знаат да отпуштаат луѓе од работа.
Изградени и во фаза на доделување се 76 станови во Прилеп за социјално загрозени семејства. Мерка која за вашето време беше незамислива. Оваа година, исто како и изминатите, нови пензионери ќе ја искористат мерката на Владата за бесплатно бањска- климатска рекреација и бесплатен туристички викенд. Гледаме сакате да посетувате старски домови, еве ви еден факт и за тоа, од поволностите што досега ги дала Владата, како откуп на земјиште по почетна цена од 1 евро за метар квадратен, намалени такси за изградба на вакви објекти, поволните кредитни линии од Македонската банка за поддршка на развојот, досега биле отворени 17 приватни домови за стари лица.
И, додека техничката министерка затвора Центри за деца со оштетен вид, Владата на Република Македонија во континуитет презема низа мерки за зголемување на бројот на вработувања кај слепите лица и лицата со оштетен вид. Да не ги заборавиме и посебниот додаток за мобилност и слепило и додатокот за глувост кои за прв пат се исплаќаат благодарение на ВМРО-ДПМНЕ. Или, мерките како отписот на долгови со која мерка над 30 милиони евра се отпишани како долгови на социјално загрозени категории граѓани или воведување на субвенции за потрошена електрична енергија, бесплатното летување и зимување на деца од семејства корисници на социјална помош и многу други проекти.
Г-ѓо Ременски, овој прес е премногу краток за да можеме да ги изброиме сите мерки на нашата Влада во социјалната сфера. Народот гледа и го знае сето ова. А затоа од народот вие и се плашите. Доказ за тоа е и вашата прошетка низ Прилеп денес со огромен број на полиција околу вас. Ако е народот со вас, министерке, од кого се плашите? Затоа, добро подгответе се за тоа што ве чека на 5-ти јуни. Подгответе се за изборите на кои народот ќе стави крај на безредието и деструкциите на СДСМ и ќе ја поддржи политиката на сигурност и напредок, политиките на реформи, нови работни места и нови проекти за подобар живот на граѓаните, политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
Ви благодарамПочитувани,
Г-ѓо Ременски добредојдовте во реновираниот Центар за Социјални работи во Прилеп, инвестиции вредни 8 милиони денари. Граѓ