Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Прес-конференцијата ја одржа Александар Јошески, член на Комисија за урбанизам при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.Патната инфраструктура е крвотокот на една држава. Токму квалитетната инфраструктура е неопоходен чекор за создавање и одржување на растот и развојот на државата. Во таа насока со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ започна инвестициски циклус во делот на патната и железничката инфраструктура.
Над милијарда евра инвестиции во патната инфраструктура и над 500 милиони евра инвестиции во железницата се вкупните вложувања на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата.
Набавивени се нови шест патнички возови, 4 дизел-моторни гарнитури и 2 електрични, вредни 25 милиони евра, а за потребите на стопанството се набавија нови 150 товарни вагони, инвестиција од 48 милиони евра.
Се реконструираше железничата станица во Прилеп како дел од проектот за реконструкција на 10 железнички станици на Коридор 10, вкупна инвестиција од 4,5 милиони евра.
ВМРО-ДПМНЕ изгради и реконструираше над 50 регионални и магистрални патни правци или 510 километри регионална патна мрежа инвестиција над 93 милиони евра како што е:
Реконструкција на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод во должина од 37 км и вредност од 282,5 милиони денари (2011 година).
Реконструкција на регионалниот пат Прилеп – Кривогаштани, во должина од 22 км и во вредност од околу 141 милион денари (2010 година)
Изградена е трета лента на делницата од Дреново до Прилеп (Плетвар) во должина од 10 км и во вредност од околу 273 милиони денари (2008 година).
Реконструкција на регионалниот пат Клепач – Новаци, во должина од 20,4 км и вредност од 1,15 милиони евра (2015 година).
Изградени и реконструирани се 750 километри локална патна мрежа или 404 локални патишта, инвестиција од 65 милиони евра меѓу кои:
Општина Долнени
с. Сенокос – с. Мраморани 2,3 км 10.982.688 денари
с. Костинци – ж.с.с.Слепче 1,85км 7.210.039 денари
с. Лажани – с. Дебреште 4,95км 14.899.279 денари
с. Црнилиште – с. Стровија 4,05км 16.499.931денари
с. Браилово – с. Десово 1,63 км 6.373.770 денари
Општина Кривогаштани
с. Обршани – с. Пашино Рувци 0,3 км 2.516.727 денари
Р-512 (с.Кореница) – с. Годивје 0,77 км 4.951.754 денари
с. Пашино Рувци – с. Манастир Св. Ѓоргија 1,26 км 6.081.519 денари
с. Кореница – с. Годивје (II дел) 1,05 км 6.578.746 денари
Кривогаштани – с. Бучин 2,95 км 16.085.090 денари
Кривогаштани – с. Бучин (IV дел) 1,9 км 11.426.435 денари
Општина Прилеп
Р-106 – с. Канатларци 5,8 км 19.703.916 денари
с. Лопатица – с. Подмол 3,3 км 14.256.820 денари
Р-115 – с. Веселчани 1,65 км 7.237.584 денари
Р-109 – с. Бонче 3,05км 16.018.732 денари
Р-106 – с. Радобил 4,5 км 19.502.919 денари
Р-109 – с. Штавица 1,01км 4.841.877 денари
Р-109 – с. Дуње 3,15 км 11.973.711 денари
ЛП-13 – Манастир Селце 2,19 км 8.849.890 денари
с. Алинци – с. Шелеверци 2,41 км 16.746.038 денари
с. Клепач – с. Ерековци 2,56 км 16.380.127 денари
с. Беровци – с. Галичани 1,15 км 5.302.817 денари
С. Лениште – Манастир „Св. Петка“ 1,2км 6.594.218 денари
Прилеп – Маркова Чешма (крак 1 и 2) 1,4 км 10.207.808 денари
Изграден е пат до манастирот „Трескавец“ во должина од 7,5 км. Инвестицијата е вредна 1,8 милиони евра.
Изграден е пат од с. Костинци до манастирот „Св. Преображение“ во с. Зрзе во должина од 7,5 км и инвестиција од 1,6 милиони евра.
Изградивме нов влез на градот во должина од 2 км вреден 2 милиони евра, a поставивме 170 км нова асфалтна мрежа во градот како и во населените места Канатларци, Мажучиште, Мало Коњари, Големо Коњари, Ерековци, Беровци, Галичани и Ново Лагово.
Во тек е изградба на три нови автопати, од Демир Капија до Смоквица 10 км 4,2 милиони, од Скопје до Штип 47 км инвестиција од 206 милиони евра и од Кичево до Охрид 57 км вредна 374 милиони евра, како и со реконструкција на неколку автопатски делници. Проект кој следи е изградба на експресен пат од Градско преку Росоман и Дреново до Прилеп во должина од 33,5 км кој ќе се реализира во 3 фази вкупната инвестиција за трите фази изнесува 68,9 милиони евра како и рехабилитација на регионалниот пат Кривогаштани – Обршани – Воѓани во должина од 9,5 км и вредност од 1,13 милиони евра. Рокот за изградба е втората половина на 2016 година.
Македонија се гради. Вложуваме во раст и развој, во напредок и модернизација на нашиот град и нашата држава. Само со неуморно работење може да имаме успех. Отчетот говори за делата и е гарант дека и идните проекти ќе станат реалност. Продолжуваме со посветено и одговорно работење затоа што само вака се сака Прилеп, вака се сака Македонија!Патната инфраструктура е крвотокот на една држава. Токму квалитетната инфраструктура е неопоходен чекор за создавање и одржување на растот и развој