ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Инвестиции во спортот

Интегрален текст од соопштението за медиуми на прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, во врска со инвестициите во спортот.Вложувањето во спортот и спортската инфраструктура во сите години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ е една од стратешките определби на нашата партија. Наша цел е поддршка на спортот и спортистите кои се нашите најголеми амбасадори насекаде по Светот.
Спротивно на популистичките изјави и пресс конференции на нашите политички опоненти кои освен зборови, во реалноста не покажале и не покажуваат ништо со кое би го поддржале спортот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години направи големи чекори и изгради повеќе капитални спортски објекти во Прилеп.
Како дел од проектот на Владата за изградба на 145 спортски сали, инвестиција од над 28 милиони евра, изградени се 4 спортски сали и тоа во СОУ “Ѓорче Петров”, СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, СОУ “Кузман Јосифоски-Питу” и ООУ “Добре Јованоски”,.
Спортските објекти се опремени со спортски реквизити, соблекувални, тушеви, две од нив и со трибини за гледачи и други помошни простории, а покрај учениците истите ги користат и спортските клубови во градот.
Предвидено е во наредните години, Прилеп да добие уште три нови спортски сали, со кои целосно ќе биде подобрено одвивањето на наставата по физичко образование, а младите веќе имаат современи услови за спортување.
Меѓу инвестициите во спортот во Прилеп се и двете балон сали во ОУ “Блаже Конески” и ОУ “Гоце Делчев”, a градот е дел и од мега проектите за изградба на 18 фитнес зони и 150 нови изгралишта за баскет низ државата.
Како дел пак од проектот за изградба на 120 тениски игралишта на Агенцијата за млади и спорт, елитно тениско игралиште доби ООУ “Гоце Делчев”, додека во тек се градежните работи за изградба на тениски терен во Гимназијата “Мирче Ацев”, каде исто така беше изградено и повеќенаменско спортско игралиште.
Прилеп доби и фудбалски игралишта! Изграден е фудбалски стадион во населеното место Тополчани, во паркот на Могила, како и фудбалски терен со вештачка трева во типската населба, кој беше ставен за потребите на Спортската Академија.
Во тек е и реконструкцијата на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп – проект за чија реализација општината има потпишано договор УЕФА И Фудбалската ФЕДЕРАЦИЈА на Македонија.
Почитувани сограѓани,
Вложувањето во спортот е нешто на што сме горди! Работата и реализираните проекти се она по кое вие одмерувате и оценувате. Проектите во спортот и за спортот се наше ветување и за идниот период!
ВМРО-ДПМНЕ настапува одговорно и со разбирањеза барањата и потребите на граѓаните. Токму заради тоа следува уште една големата победа на 11-ти декември!Вложувањето во спортот и спортската инфраструктура во сите години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ е една од стратешките определби на нашата партија. Наша

Пронајдете не на следниве мрежи: