ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ќе одржи трибина во чест на празникот Свети Климент Охридски

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Ви го честита големиот христијански празник Свети Климент Охридски, закрилникот и патронот на македонскиот народ низ целата наша историја.Овој празник е посветен на светителот кој со своето дело и творештво ги обедини светото и световното, оставајќи зад себе силни универзални вредности, чиј благодет го чувствува не само македонскиот народ туку и целокупниот христијански свет и човештво.
Токму визијата на Свети Климент Охридски, основоположникот на Охридската книжевна школа и втемелувач на православната култура и писменост, заедно со своите учители, Светите браќа Кирил и Методиј, била зближување на сите народи и создавање на просперитетен, слободен и хуман свет.
Во чест на животот и делото на Свети Климент, Општинскиот Комитет на ВМРО- ДПМНЕ од Прилеп, Ве поканува на трибина со наслов „Свети Климент Охридски – патрон на Македонската Православна Црква, темел на македонската православна култура и писменост” која ќе се одржи на ден 9-ти декември (во среда) со почеток во 20 часот, во просториите на градската библиотека „Борка Талески”, на која со свое предавање ќе се вклучат Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г.Петар, д-р Ели Луческа и м-р Александар Василески.Овој празник е посветен на светителот кој со своето дело и творештво ги обедини светото и световното, оставајќи зад себе силни универзални вредност

Пронајдете не на следниве мрежи: