ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ воведе голем број реформи и во Агенцијата за катастар и недвижности

Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Прес-конференцијата ја одржа Кети Стојаноска, член на Правна комисија при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.Отворени за соработка, постојано во интерес на граѓаните, од 2006 година до денес, ВМРО-ДПМНЕ воведе голем број реформи и во Агенцијата за катастар и недвижности. Реформи што значат подобра, поквалитетна и навремена услуга за нашите сограѓани. Отчетно како и во останатите области издвојуваме дел од реформите што значат суштински промени.
Уште во 2007 година Агенцијата за катастар и недвижности започна да организира отворени денови, од град во град, поблиску до граѓаните да ги слушне нивните проблеми, а цените н услугите драстично се намалени и овозможено е безготовинско плаќање на сите шалтери на Катастарот.
Воспоставен е катастар на недвижности на целата територија на Република Македонија со што поседовните листови отидоа во историјата, а имотните листови станаа доказ за сопственоста врз земјиштето и објектите.
Од ноември 2011 година катастарот во Прилеп функционира како електронски катастар, а до јули 2012 година електронскиот катастар се комплетираше во сите одделенија низ Македонија. Со овој систем се овозможи сите одделенија на катастарот да работат во еден централизиран систем, а имотните листови се достапни од кој било град во Република Македонија.
Од 2011 година Република Македонија е дел Глобална карта на светот, Глобал Мап, а во текот на 2012 година изготвена е проектна документација за авионско снимање, а се очекува авионското и ласерско снимање на Македонија да се спровде во текот на 2016-2017 година.
Воведен е електронски шалтер преку кој се примени 46% од вкупно доставените барања, што овозможи заштеда на средства и време на граѓаните и фирмите, а зголемена ефикасност на Агенцијата за катастар. Електронскиот шалтер работи 24 часа, преку кој се достапни имотните листови, копиите од катастарски план и поднесувањето на барања за промена во катастарот на недвижности од канцеларијата на професионалните корисници.
Извршено е поврзување меѓу Регистарот на земјоделски стопанства, Регистарот на животни и Катастарот овозможи Агенцијата за храна и ветеринарство да прибавува имотни листови, во име на земјоделците, а со тоа земјоделците нема да имаат потреба да вадат имотни листови.
Во сите катастарски одделенија во завршна фаза е дигитализацијата на катастарските планови.
До сега се дигитализирани вкупно 1.689 од 1.912 катастарски општини или 91,79% од територија на РМ. Со завршувањето на овој проект граѓаните ќе имаат можност преку интернет да извршат увид за своите катастарски парцели.
Поедноставена постапка за уредување на меѓи овозможи да се решат споровите помеѓу соседи само со изјава, без геодетски елаборат и без нотарски договор со што вкупната проценета заштеда за граѓаните од овој проект е 8,5 милиони евра.
Во 2015 година Катастарот се вклучи во постапката за бесплатна приватизација на дворните места во делот што се однесува за приватизација на градежно неизградено земјиште за поранешни сопственици за што продолжениот рок за поднесување на барања е до 15-ти јуни оваа година.
Една од најважните мерки кои ги спроведе Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е легализацијата на бесправно изградените објекти. Со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, отпочна процес со кој конечно граѓаните ќе станат сопственици на своето огниште. Заклучно со крајот на 2015 година во Македонија легализирани се над 140.000објекти, а само во Прилеп повеќе од 8.000 објекти.
Рокот за поднесување на барања за легализација на бесправно изградените објекти заврши на31.03.2016 година со што во Прилеп поднесени се вкупно 18.395 барања за легализација.
За граѓаните кои се приматели на социјална парична помош, постојана парична помош илилица со приходи до 168 илјади денари годишно на ниво на домаќинство, од 2015 година
Агенцијата за катастар по службена должност изработува бесплатни геодетски елаборати.
Досега повеќе од 5700 геодетски елаборати веќе се изготвени.
Продолжуваме понатаму со реформите во катастарот.
Новина е што Владата на Република Македонија го усвои законот со кој се овозможува зa граѓаните кои имаат стара градежно-техничка документација, но не ја доставиле во катастарот и нивниот објект не е запишан, сега можат тоа да го направат, а и за оваа категорија на граѓани Катастарот изготвува бесплатни геодетски елаборати.
Воведена е и ВИП постапка која почна да се применува од 01.01.2016 година, па наместо досегашните 7 чекори и 30 дена за регистрација на имот, сега истата постапка се реализира во 3 чекори и 6 работни дена.
Исто така во целост е изработен системот за запишување на инфраструктурните објекти од сообраќајна, водоводна, канализациска, енергетска и електронско-комуникациска инфраструктура, а воведена е можноста за запишување на инфраструктурните објекти, како бакарни кабли, оптички кабли и базни станици каде што во првиот упис запишани се 20.000 километри инфраструктури, преку 147.000 точкасти објекти од типот на антени, базни станици и трафостаници.
Во текот на 2016 година Катастарот ќе започне со воведувањето на етажните скици и информација за висината на објектите преку кои ќе може да се направи тридимензионален приказ на објектите.
Почитувани сограѓани,
Ова се само мал дел од реализирание проекти кои што значат напредок и равој. Одговорното и отчетно работење на ВМРО-ДПМНЕ е препознатиливо во сите области. Продолжуваме со посветено работење затоа што само вака се сека Македонија!Отворени за соработка, постојано во интерес на граѓаните, од 2006 година до денес, ВМРО-ДПМНЕ воведе голем број реформи и во Агенцијата за катастар

Пронајдете не на следниве мрежи: