ОК ВМРО- ДПМНЕ Прилеп: Во текот на овие 12 години ЈКП „Водовод и Канализација“ доживеа вистинска трансформација во едно модерно јавно претпријатие

Loading...

Во текот на овие 12 години ЈКП „Водовод и Канализација“ доживеа вистинска трансформација во едно модерно јавно претпријатие.Претприатие кое докажа дека може да се носи со сите предизвици во реализацијата на досега најкапиталните и историски проекти за Прилеп. Овие проекти со поддршка на локалната самоуправа на чело со Марјан Ристески и владата на ВМРО ДПМНЕ трајно ја променија и подобрија сликата за водоснабдувањето во општината. 
Во завршна фаза е еден од најголемите капитални и инфраструктурни проекти во општина Прилеп воопшто. тоа прочистителната станица за отпадни води со која еднаш засекогаш ќе се реши прашањето за третман и прочистување на отпадните води за градот Прилеп. Со проектот се поставени нови 65 километри канализациона мрежа. Со обновената канализациона мрежа и со новата пречистителна станица, ќе биде заокружен големиот проект вреден над 20 милиони евра, финансиран со средства од ЕУ. Станицата е проектирана за покривање на потребите на преку 95.000 жители. 
Еден од најголемите проекти кои се реализираа во Прилеп околу водоснабдувањето е секако и замената на околу 40 км. нова водоводна мрежа во градот, преку грантот на германската КФБ банка со што се реши еден децениски проблем на прилепчани. Проектот кошташе 9,1 милиони евра.
Освен замената на водоводната мрежа, се изгради нова административна зграда на Водовод и канализација.
Значајна капитална инвестиција во периодот од 2009 до 2013 година беше изградбата на 10-те нови бунари во месноста Бегова ливада, инвестиција од околу 62.269.374 денари, пари обезбедени буџетот на општината и на Владата на РМ предводена од ВМРО –ДПМНЕ. 
Во просториите на Водомерната работилница е пуштен во употреба нов апарат марка ЦМЦ наменет за верификација на водомери. Се набави цистерна за потребите на одделението канализација. Се изгради нова водоводна мрежа долга 40 км, со сопствени средства, инвестиција околу 900.000 евра, а изградивме и канализациони линии во должина од 2 км, инвестиција од 4.695.576 денари или околу 76.000 евра.
Се изврши реконструкција на водоводната мрежа на улиците : „С. Планина“, „Бистра Планина“, „Савска“, с. М.Коњари, „Осоговска“, „Трајко Николоски“, „Круме Волнароски“, „Димо Наредникот“ и многу други.Се изработи елаборат за режим на работата на Вештачото езеро на град Прилеп. Се изработи основен проект за санација на ободен канал Маркови кули. Се изградија водоводни мрежи во : с. Старо Лагово, Млекара, улиците „Ѓорѓи Сугарев“, „Трајко Николоски“, „Димо Наредникот“, „Васко Карангелески-Илка Присаѓанка“.
ВО ПЕРИОДОТ ОД 2009 ДО 2016 ГОДИНА РЕАЛИЗИРАНИ СЕ ПРОЕКТИ ПРИБЛИЖНО ВО ВИСИНА ОД 2.121.984 ЕВРА ОД СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА НА ЈКП ВИК ПРИЛЕП. ЗБИРНО ЗА ОВИЕ 12 ГОДИНИ ЈКП „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“ ПРИЛЕП ИМА ИНВЕСТИРАНО ОКОЛУ 14 МИЛИОНИ ЕВРА, СРЕДСТВА ОД РАЗЛИЧНИ ИЗВОРИ.
Во периодот  2017 до 2021 година ЈКП „Водовод и канлизација“ ќе реализира голем број на проекти со кои Прилеп ќе биде еден од ретките градови во Македонија кој ќе се подигне квалитетот на живот на граѓаните.
Ќе се реконструира 25 км водоводна мрежа, ќе се намалат загувите на вода на ниво на град Прилеп и ќе се санираат пумпните постројки. Ќе се реконструира довод од старите градски извори и ќе се изградат нови водоводни мрежи во населените места Бонче, Чаниште, Дуње, Лопатица, Манастир, Шелеверци, до манастирот Св.Димитрија – Селце и до Трескавец. Ќе се санира и хидроизолира браната на вештачкото езеро и од темелниот испуст ќе се замени дотраената опрема.
Ќе се доврши изградбата на канализационите системи во Канатларци, Мало и Големо Коњари а ќе се изградат нови во уште десет населени места.
Со реализацијата на наведените проекти Прилеп ќе биде една од најдобрите инфраструктурно уредени општини во Македонија и на Балканот, со висок квалитет на водоснабдување.
Продлолжуваме понатаму, затоа што ние знаеме како треба да се работи за сопствената општина, за граѓаните. 
Со работа за Прилеп!
Претприатие кое докажа дека може да се носи со сите предизвици во реализацијата на досега најкапиталните и историски проекти за Прилеп. О

loading...
Loading...