Во чест на роденденот на доајенот на македонската литература – Блаже Конески, ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, втора година по ред се одржа Поетска вечер „Поетска везилка“ на која беа оделени наградите на наградените учесници на конкурсот, а беше промовиран Алманахот „Поетска везилка 2015“.Наградите на наградените како и Алманах и благодарници на сите учесници на конкурсот им додели Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп – Никола Димески.
Во конкуренција од 49 поетски творби изборот на наградените учесници го направи стручна комисија во чиј состав беа Весна Михаиловска – професор по Македонски јазик и литература, Петар Петрески – директор на Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп и Цеца Видова-Трајческа – професор по Македонски јазик и литература.
На конкурсот прва награда освои Лидија Дочовска Павловска од Ресен со личната творба „ Солзите на Преспана“. Второто место го поделија Тони Павлески од Прилеп со личната творба „Ако каменот имаше душа“ и Анастас Ќушкоски од Вевчани со „Црно видение“. Трета награда ја освои Ирена Стевановска од Демир Капија со личната творба „Овде, на врвот на желбите“.
И награда за најмлад учесник на петтоодделенецот Горазд Лучески од Прилеп.
Им честитаме на наградените и искрена благодарност на сите поети од Куманово, Скопје, Охрид, Вевчани, Крушево, Ресен и од нашиот град кои не почестија со своето присуство!Наградите на наградените како и Алманах и благодарници на сите учесници на конкурсот им додели Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп – Никола