петок, 27 ноември 2026
Најново

ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, втора година по ред одржа Поетска вечер „Поетска везилка“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во чест на роденденот на доајенот на македонската литература – Блаже Конески, ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, втора година по ред се одржа Поетска вечер „Поетска везилка“ на која беа оделени наградите на наградените учесници на конкурсот, а беше промовиран Алманахот „Поетска везилка 2015“.Наградите на наградените како и Алманах и благодарници на сите учесници на конкурсот им додели Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп – Никола Димески.
Во конкуренција од 49 поетски творби изборот на наградените учесници го направи стручна комисија во чиј состав беа Весна Михаиловска – професор по Македонски јазик и литература, Петар Петрески – директор на Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп и Цеца Видова-Трајческа – професор по Македонски јазик и литература.
На конкурсот прва награда освои Лидија Дочовска Павловска од Ресен со личната творба „ Солзите на Преспана“. Второто место го поделија Тони Павлески од Прилеп со личната творба „Ако каменот имаше душа“ и Анастас Ќушкоски од Вевчани со „Црно видение“. Трета награда ја освои Ирена Стевановска од Демир Капија со личната творба „Овде, на врвот на желбите“.
И награда за најмлад учесник на петтоодделенецот Горазд Лучески од Прилеп.
Им честитаме на наградените и искрена благодарност на сите поети од Куманово, Скопје, Охрид, Вевчани, Крушево, Ресен и од нашиот град кои не почестија со своето присуство!Наградите на наградените како и Алманах и благодарници на сите учесници на конкурсот им додели Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп – Никола

Поврзани вести