Околу 300 шведски државјани се борат во редовите на ИД

– Во редовите на Исламска држава можеби има и до 300 шведски државјани – за државното радио изјави началникот на шведското разузнавање, Андерс Торнберг.Како што пренесуваат француските медиуми, Торнберг посочи дека досега има 100 потврдени случаи и уште многу претпоставени или непроверени, со што нивниот вкупен број достига до 250-300 лица.
Според него, бројот на кандидати за џихад кои заминуваат за Сирија многу брзо расте.
-Во тренинг камповите во оваа земја младите Швеѓани се обучуваат да станат  терористи, да употребуваат експлозиви и оружје – рече Торнберг.
– Кога се враќаат во Шведска тие веќе се подготвени за извршување терористички напади и затоа се цел на засилено набљудување – дополни тој.Како што пренесуваат француските медиуми, Торнберг посочи дека досега има 100 потврдени случаи и уште многу претпоставени или непроверени

Пронајдете не на следниве мрежи: