Околу 500 деца од цела Македонија денеска беа заедно на божикната свечена трпеза во Прилеп.Детската амбасада за сите деца во светот денеска на големиот празник Христовото раѓање, Божик по 10-ти пат го организираше божикниот ручек за децата без родители, за децата на загинатите бранители, за децата со посебни потреби, за децата од сите верски заендици и за децата, членови на Детската амбасада.
Заедничкото дружење на младите почна со божикни песни и со претставувањето на заветните сцени од раѓањето на Исус Христос во Витлеем.
За организаторот, Детската амбасада за сите деца во светот чест е што ова божикно заедничко дружење на децата е успешно веќе десет години.
– Ова ни е традицонална божикна средба со децата, јубилејна по 10-ти пат. Тука со нас се околу 500 деца од сите ранливи категории и речиси од сите градови во земјава. Пристигнаа децата од Скопје, Охрид, Битола, Струмица, од Прилеп, од Куманово. Под мотото „Едно небо за сите деца“ седнаа на заедничка трпеза и го прославуваме Христовото раѓање. Овој ден е значаен за сите нас, традицијата ќе продолжи и радоста е преголема. Им посакувам на сите деца добро здравје и благосостојба, вели Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на Детската амбасада за сите деца во светот.
Ручекот го благослови владиката Петар кој изјави дека Божик, првенствено, е празник за децата.
– Денеска е голема радоста за сите христијани, особено православните, а најголема радост за празникот е за децата. Желбата наша е да ја споделиме радоста со нив и да им посакаме да имаат добро детство, да растат безгрижно и како достојни граѓани, да бидат воспитани. Сакаме да покажеме дека денеска е празникот на децата, бидејќи Господ Бог посакал на денешен ден и тој да стане дете за нас и за нашето спасение, изјави владиката Петар.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески на сите деца им подели подароци и им посака безгрижно детство и многу радост.
– Локалната самоуправа со МПЦ и Детската амбасада за сите деца во светот веќе 10 години заедно со децата од цела Македонија заедно го прославува најголемиот празник-Христовото раѓање и им посакувам многу здравје и радост, вели Ристески.
Своја божикна порака упатува и Јана Неделкоска, дете амбасадор на Детската амбасада.
– Пораката е сите деца под едно небо да се здружиме и заедно да го прославуваме овој радосен празник – Христовото раѓање, вели Неделкоска.
За доброто расположение на заедничкиот божикен ручек на децата се погрижија нивните другарчиња со песничките од фестивалот „Ѕвездички“.
Организацијата по седми пат го додели и Орденот носител на мирот. Годинава и припадна на компанијата АД „Фершпед“.Детската амбасада за сите деца во светот денеска на големиот празник Христовото раѓање, Божик по 10-ти пат го организираше божикниот ручек за децат