Најважни моменти во 2014 година: зголемен пазарен удел, намалени трошоци, комплетирање на проектите за трансформација, надградба на логистиката, намалена потреба од работен капитал и подобрена ликвидностОКТА продолжи да го зголемува пазарниот удел на домашниот пазар во текот на четвртиот квартал на 2014 година. Остварената профитабилност на компанијата, која стабилно се зголемуваше во првите девет месеци од годината, во последниот квартал беше негативно погодена од континуираниот забрзан пад на меѓународните цени на нафтата, кои негативно влијаеја на сите нафтени компании на глобално ниво, поради девалвацијата на нивните нафтени залихи. Ако се исклучи ефектот од цените кои опаѓаа, оперативниот профит на ОКТА (ЕБИТДА) во четвртиот квартал на 2014 година требаше да изнесува 164 милиони денари, или 60% повеќе од истиот период минатата година.
Во текот на 2014 година, ОКТА успеа да ги намали своите оперативни трошоци за 191 милиони денари како резултат на проектите за трансформација. Ова помогна за зголемување на нејзината оперативна флексибилност, со цел да се одговори на промените на пазарот и да се спротивстави на нелојалната конкуренција на пазарот на големо.
Радикалниот оперативен и организациски план за трансформација на ОКТА исто така помогна за намалување на нејзините потреби од работен капитал и ја ослободи ликвидноста до тој степен што готовината ги надмина позајмиците од 560 милиони денари, по покривањето на инвестиционите проекти во висина од 118 милиони денари, и реализираната програма за организациска трансформација од 289 милиони денари. Ликвидноста понатаму ќе и овозможи на ОКТА да финансира поагресивен инвестициски план за 2015 година.
Како една од најголемите компании во земјата, ОКТА е максимално посветена на општествената одговорност, со употреба на сопствените ресурси и работна сила. 2014 година беше одбележана со националната кампања “Шанса за живот” која имаше значајно влијание за Одделението за Интензивна нега на Клиниката за детски болести во Скопје. Паралелно на тоа, компанијата продолжи да ги поддржува соседните заедници, ја докажа својата грижа за децата со посебни потреби и континуирано им помагаше на општествено загрозените групи во земјата. Поддржувајќи ги активностите поврзани со образованието, OKTA, меѓу другото, даде свој придонес на лабораторијата на Технолошкиот факултет.
„По промените кои се случуваа во компанијата во изминатите две години, сега можеме со сигурност да кажеме дека ОКТА е главниот снабдувач на гориво во земјата. Инфраструктурата на ОКТА со капацитет за складирање од 350 милиони литри гарантира доволно гориво за движење на економијата дури и во случаи на непредвидени прекини во снабдувањето. Во моментов, инвестираме во неколку важни проекти кои ќе ја подобрат функционалноста на нашите инсталации за утовар, ќе ја подобрат ефикасноста на нашите вкупни логистички операции и ќе имаат понатамошна контрола на влијанието врз животната околина. Истовремено ќе продолжиме да инвестираме во општествено одговорни иницијативи и ќе останеме посветени на постигнување видливи и мерливи бенефиции за нашите вработени, нашите потрошувачи и заедницата”, изјави менаџментот на Компанијата.
Основана во 1980 година, ОКТА е една од најголемите компании во Југоисточна Европа, со инвестиција од над 80 милиони евра. Нејзините акции котираат на Македонската берза. ОКТА обезбедува повеќе од половина од потребите за гориво во земјата. Истовремено, таа е и главен извозник и значаен работодавач за транспортни, логистички и инженерски услуги.ОКТА продолжи да го зголемува пазарниот удел на домашниот пазар во текот на четвртиот квартал на 2014 година. Остварената профитабилност