Конкретно се работи за подземна политика: од една страна за британско-империјална подземна политика, а од друга страна за окултна подземна политика чија појдовна точка е од Англија, како и за странски подземни струи што се наоѓаат помеѓу овие две страни. Тие струи меѓусебно се испреплетени и не се знае кој со кого манипулира, или сето тоа е наизменично променлива игра.Најпрво, како стоеле земјите во моментот на атентатот во Сараево? Србија, Австро-Унгарија, Германија, Русија, Франција, Велика Британија, Османската Империја?
Политички шах
Двајца играчи играат шах и да речеме дека белиот игра премногу добро, а црниот само добро. Тогаш белиот ќе победи некаде во 45-от потег, не играјќи премногу агресивно, а од самиот почеток на црниот играч ќе му се приушти чувството да игра подобро или барем рамноправно затоа што треба да се навлече и да се држи во неизвесност, за победата да биде што повеќе убедлива. Белиот ќе победи во 45-от потег не затоа што неговите последни три потези реално водат до мат на црниот, туку затоа што првите пет потези од почетокот на играта ги повлекол толку стратешки моќно, што противникот не ни забележал дека тие потези ќе доведат до неминовна победа.
Баш такви биле односите во играта Прва светска војна. Во ложите на окултните братства во Англија кружеле различни нови карти на Европа уште пред некој да помисли да води војна. Во конкретниот случај, окултна Англија моќно ги повлече првите потези, а царска Германија едвај одговори со последните потези и испадна виновна, понижена и била принудена да плати за се` што се случило по војната.
Окултни позадини
Еден друг вид на информации ни пружа австрискиот филозоф Рудолф Штајнер, кој беше еден најголемите езотерици и истражител на окултното. Тој напишал 30 книги и одржал неверојатни 6.000 предавања. Но, до ден денес остро се критикувани баш оние 24 предавања за окултната позадина на Првата светска војна, кои беа одржани во Дорнах од 4 декември 1916, до 30 јануари 1917 година. Штајнер директно ја обвинил англо-саксонската масонерија и сродните окултни братства дека ја иницирале Првата светска војна и тоа во корист на англо-американскиот естаблишмент, а врз штета на Средна Европа.
Објавени предавања
При читањето на предавањата се чувствува дека ги изнесува човек кој на некој начин се чувствува измамено од некогашното свое англо-саксонско окружување, па сега ги открива сите свои сознанија. Неговата длабока погоденост се провлекува низ целиот циклус на спомнатите 24 предавања. Рудолф Штајнер сепак на некој начин му припаѓал на тој круг, но некои работи му биле премолчени (поради неговото германско потекло). Тој циклус предавања им ги има одржано само на членовите на Антропозофското здружение во Првиот Гетенаум во Дорнах, кај Базел во Швајцарија. Имено, тој неколку пати изразил барање да не се врши стенографија на неговите предавања, но сепак било направено тоа. Кога не можел да го спречи стенографирањето, тогаш забранил да се објават тие пишани материјали.
Но, Штајнеровата вдовица – Мари Штајнер, некаде пред својата смрт во 1948 година, се одлучи да ги објави тие предавања.
По многуте притисоци и шпекулации, одлучено е да се проверат тие 24 предавања со оглед на изворите. Еден тим на историчари работеле скоро десет години на проучувањето и собирањето на извори за тоа дело. Пронајдените извори им потврдиле дека предавањата се веродостојни.
Детали
Антропозофското здружение е основано во 1913 година од страна на Рудолф Штајнер. Антропозофија значи човечка мудрост и претставува еден еклектичен и спиритуален лак, почнувајќи од германскиот идеализам преку хиндуистички, будистички, христијански, манихејски и гностички содржини, древни мистерии и езотерсики учења и школувања.
Антропозофијата се подразбира како Духовна наука. За време на Штајнеровите предавања, антропозофијата јавно се претставува како некој вид на елитистичко-општествено движење кое се базира на христијанството и гностицизмот.
Гетенаумот е средишна зграда на Општото антропозофско здружение во Дорнах, која го носи името по Јохан Волфганг фон Гете. Првиот Гетенаум е изграден во 1913 година и изгорел вечерта за Новата 1923 година. Имено, некои упатени антропозофи кренале тужба против одредени кругови од Туле здружението – Туле Геселшафт, кое е едно масонолико здржение од чиј нуклеус изразнала Хитлеровата Наци – партија. Антропофијата наводно го загрозувала развојот на национал-социјалистите, според мислењето на некои антропозофи.Најпрво, како стоеле земјите во моментот на атентатот во Сараево? Србија, Австро-Унгарија, Германија, Русија, Франција, Велика Британија, Османскат