Олга Ристеска: Пишувам, и ке пишувам…за клетите Грци, за тешкиот живот на моите родители…

Пишувам,и ќе пишувам….за клетите Грци,за тешкиот живот на моите родители…Гневот се повеќе ми расте, болката не тивнува…како ветар да ја носи ,насекаде ја има…годините си минат а таа е се поголема…А, како да не е…кога секој ден гледајќи го тажното изнемоштено лице на  мојот татко ме потсеќа на тоа.Како нешто,како некоја сила да ме натера баш есента 2015 година да го прашувам мојот мил татко да ми раскажува за патот кој го минал уште од мало дете…за разделбата со неговите родители,за нивната брутална смрт,за детските домови,и за сите негови страданија низ кои минал.
Тој ми кажуваше,а јас пишував,секогаш со солзи во очите….о,Господе како да знаев дека доаѓа крајот…
Беше 20 декември,татко ми ми се јави  да одиме на лекар. Имаше температура,омалаксан беше,многу потеше. Отидовме до инфективното одделение,за каде имаше упат. Докторката го прегледа,му зедоа крв за испитување,и му вклучија инфузија со витамини,велејќи дека е вирус. Си заминавме потоа дома,и после саат време ми се јави докторката итно да го вратам татко ми назад, велејќи дека има голем број на леукоцити во крвта. Го зедов татко ми и се вративме .Му уклучија уште една инфузија ,и од тој ден почна да прима по две на ден. Секој ден му земаа крв правејќи му анализи, а леукоцитите растеа и покрај инфузиите кои ги примаше со јак антибиотик.
Еден ден докторката ме викна во кабинетот кај неа,и ме праша дали прифаќам отворено да разговара со мене? Јас и одговорив- секако дека сакам-. Таа ме погледна и ми рече-Олга јас тврдам дека татко ти има -леукемија-. Кога го слушнав овај збор,одма ме асоцира на смрт. Онемев,очите ми се наполнија со солзи и и реков- не, докторке тоа не  е можно,мојот татко нема леукемија,не,не, ти имаш грешка,тој е само силно настинат,не,не….Излетав надвор,и долго плачев,плачев….а тие солзи беа само почеток…
Десет дена примаше татко ми инфузии,ама здравствената состојба му беше се полоша.
Дојде и Нова година. Кога сите си честитаа јас плачев,плачев,велејќи дека Новата 2016 година ќе ми биде тешка,дека ќе се збогувам засекогаш со мојот татко…..Господе како да претчувствував нешто….
Не сакав татко ми да умре, не можев нити да го замислам тоа,,,,сакав да живее,да живее,да ми раскажува,да ме гали по главата,да се радува со мене…сакав да живее…
Докторката ми рече да го носам на хематологија во Скопје. Али поради празниците,решивме после Божик да одиме.
Сега ќе се префрлам на друга тема, како ги пронајдов роднините од татко ми кои живеат во Скопје…за кои ми кажуваше тој а не знаеше дека се во Скопје…е клети душмани тоа ни го направија…да не си ја познаваме нашата рода…да сме секаде раселени…да не знаеме еден за друг…има ли нешто поболно од тоа?
Еден ден на ТВ.Сител гледајќи вести татко ми извика…е. Олга гледај овој ми е внук…се погледнав во телевизорот и видов како еден политички аналитичар кажува нешто…тоа беше Сашо Клековски. Јас се насмеав и му реков…е татко од каде сега па овај ти е тебе внук? Сигурно имаш некоја грешка. Тој ми одговори веднаш- не, Олга немам грешка, туку ти на оној вашиот фејсбук напиши му во мое име,и кажи му дека сум му стрико….
Јас направив така,како што ми рече ,му напишав , спомнувајќи му се што ми рече татко ми…за името на татко му на Сашо, за роднинската врска,за се. После неколку дена тој ми одговори дека му е мило што му пишав,и дека сака да се запознаеме,и разменивме телефонски броеви…
Така продолжив да барам во неговите пријатели на фејсбук,и ја пронајдов  Викторија Роса,и нејзе и пишав…
Гога таа ми врати ,пријатно се изненадив колку таа знае за нас, за татко ми,за се. Кога му кажав на татко ми дека ја пронајдов Викторија,тој многу се израдува,-е. Олга,па Викторија и е ќерка на Роса,а Роса  му е прва брачеда на татко ми…беше пресреќен.
И оттогаш јас и мојата тека Викторија Виденова Клековска почнавме редовно да си пишуваме,и праќав слики од татко ми,од селото од кое потекнуваме,од куката во која живеела мајка и,татко ми…Бев многу среќна што ги пронајдов моите роднини,а и многу тажна што татко ми се разболе од лоша болест…
И така Викторија ми ја честиташе Новата година,со најубави желби,и секако ме праша за татко ми…но јас и реков дека татко ми е болен и дека ќе мора после Божик да одиме на клиника во Скопје. Кога и ги кажав резултатите,таа одма ми закажа кај ДР.Мартин  на хематологија,и ми рече дека се што ќе треба таа е тука,и за све ке помогне.Во тој момент осетив големо олеснување,голема топлина околу срцето,и покрај тагата,се осетив силна дека имам некој свој кој ќе ми помогне,кој ќе е со мене. И така и беше. Сите разговори,закажувања со докторот ,за се беше тука Викторија. Ми даваше голема поддршка,голема сила да се борам.
И дојде денот кога и лично се запознавме. Со сопругот отидовме кај неа дома. Одејќи по пат,ја замислував нашата средба,како ќе ја прегрнам силно и нема да ја пуштам. Но тагата за болеста на мојот татко,како да не ми дозволуваше многу да се радувам…и кога ја видов ја прегрнав,седнавме,ама како устата да ми беше здрвена,мозокот блокиран,не можев многу да зборувам,не можев да ја искажам мојата голема радост и среќа што сум кај неа,што ја гледам…..сакав да и кажам дека ја сакам,ама не можев,,,како кнедла да имав во грлото…ја гледав и си повторував во себе…имам тетка,која е спремна да ми помогне за се ,која ми дава голема поддршка…и еве сега ако чита – Викторија многу те сакам-.
Средбата беше кратка,зашто моравме да се вратиме назад во Охрид. Ја прегрнав уште еднаш и си заминавме,али нон стоп комунициравме за болеста на татко ми и за чекорите кои заедно ги правевме. Кога и да ми беше тешко,и пишував,а таа одма ми враќаше, тешејќи ме, велејќи ми дека мора да сум силна заради татко ми…И така и беше…силна бев…заради него.
И кога отидовме на хематологија кај докторот, со нејзина препорака, на татко ми му зедоа биопсија од коскена срж…али докторот веднаш штом ја виде размаската од крвта кажа дека има леукемија…а за резултатот од биопсијата чекавме неколку дена.
Кога беше готов отидовме кај докторот,и тој ни ја  потврди болеста- Myeloproliferativen sindrom,Hipereozinofilen sindrom-. Лоша дијагноза,лоша болест. Докторот му даде орална терапија,и рече ако организмот ја прифати терапијата ,тогаш има надеж…
Ми кажа дека болеста е тешка,многу тешка. Јас го прашав дали ќе има болки,а тој ми рече дека при крајот ќе има ,ама тие ќе прават се да му ги намалат…
Врз мене се сруши светот…започнаа деновите на моето страдаење, деновите на мојата болка…само кога ќе помислев дека мојот најсакан татко ќе ме напушти,сакав и јас да умрам…не сакав да го доживеам тој момент…не сакав…не сакав да се разделам од него…не,не,не.
Продолжува…
Пишува Олга РистескаКако нешто,како некоја сила да ме натера баш есента 2015 година да го прашувам мојот мил татко да ми раскажува за патот кој го минал уште од мало д

Пронајдете не на следниве мрежи: