Оливер Стоун: БИДЕТЕ ИСПЛАШЕНИ. БИДЕТЕ МНОГУ ИСПЛАШЕНИ! – I дел

Што Оливер Стоун знае, а ние не го знаеме? Американскиот филмски режисер и трикратен добитник на Оскар, на 5 август објави вознемирувачки статус…„Не сакам да ширам страв во било какви облици, но и јас се исплашив. Невозможно е да се молчи за овие „како забавена снимка“ катастрофи, кои го опседнуваат светот. Простете ми на брзото пишување – како „Лудиот Пес“ Нетанјуаху и понатаму ја уништува американската веродостојност во поголемиот дел од цивилизираниот свет со своите варварски крвопролевања во Газа. Но, вистина е дека тоа нема да ги одврати САД од судбината на поголемото зло кое нѐ чека во источна Европа“.
„На конференцијата за новинари која се одржа во петокот, Обама ги наежи критичарите, велејќи: Очигледно е дека луѓето заборавија дека Америка, како најмоќната земја на светот, сѐ уште не може да ги контролира работите“.

„Ова прилично е сериозна изјава, доколку запрете и размилите за тоа. Од кога светската доминација стана службена политика на Америка? Мислам дека е од 1991 година кога падна комунизмот, но и сега кога нашата маска е симната од насилничкото лице ние, како граѓани на светот, не само на САД, мораме да се носиме со оваа нова реалност – АМЕРИКА САКА ДА ГО КОНТРОЛИРА СВЕТОТ И НА ТОЈ НАЧИН НЕМА ДА ЗАПРЕМЕ ВО НАШИТЕ НАСТОЈУВАЊА ДА СЕ УНИШТАТ РУСИЈА, КИНА И ИРАН. АКО Е ПОТРЕБНО, САД ЌЕ УПОТРЕБИ ВОЕНИ МЕРКИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ И ВОЈНА!“
За да го разберете овој негов Луд Момент, погледнете ги доцните 50-ти и раните 60-ти години, како и сценариото за филмот Dr. Strangelove.
Повеќе за Стоун и за неговиот живот ќе можете да прочитате во вториот дел…
 

Post by Oliver Stone.
„Не сакам да ширам страв во било какви облици, но и јас се исплашив. Невозможно е да се молчи за овие „како забавена снимка“ ката

Пронајдете не на следниве мрежи: