Оливер Стоун: БИДЕТЕ ИСПЛАШЕНИ, БИДЕТЕ МНОГУ ИСПЛАШЕНИ! – II дел

Што Оливер Стоун знае, а ние не го знаеме? Американскиот филмски режисер и трикратен добитник на Оскар, на 5 август објави вознемирувачки статус. Работата е во тоа што тој нема влакна на јазикот и не му е страв да ја каже вистината.Вчера го спомнавме неговиот статус, кој никого не остави рамнодушен. И кој можете да го прочитате на следниот ЛИНК, а денеска ќе ве запознаеме дел од животот на познатиот режисер, кој е исполнет со многу контроверзии.
Филмовите на Стоун често се критикувани поради промовирање на теориите на заговор и историски неточности. Хипотезата на филмот „ЏФК“ на пример, зборува како многу високорангирани владини функционери стојат зад убиството на претседателот Џон Ф. Кенеди. Слични критики од јавноста доби и за филмот „Никсон“.

 
Поради ваквите деликатни содржини, почна да се шпекулира дека тој се дрогира за време на снимањето на своите филмови. На посебна ДВД верзија на филмот „Родени убијци“, една продуцентка се сетила како заедно со Стоун и уште неколку актери земале печурки со псилоцибин и дека за малку ќе ги фатела полицијата – ситуација која Стоун подоцна ја вметнал во филмот. „Родени убијци“ е монтиран на луд начин, па се користеле црно-бели камери од 8 mm и оние во боја од 35 mm, за да се доловаат приказната, мислите и чувствата на ликовите.
Во 1999 и 2005 година, Стоун е уапсен поради поседување и злоупотреба на марихуана.
Во 2003 година, Стоун отпатувал на Куба, каде што три дена го интервјуирал Фидел Кастро. Како резултат на тоа го снима документарецот „Команданте“. Филмот требаше да биде прикажан во мај 2003 година на НВО, но тоа беше откажано поради целата драма кој се случила со грабнувачите кои се заканувале дека ќе ги убијат патниците на кубанскиот траект, доколку не бидат одведени во САД.
Кастро подоцна ги погубил сторителите, а филмот не беше прикажан поради кубанското лоби во Мајами.
За Оливер Стоун може да се каже дека отсекогаш се восхитувал на кубанската револуција и дека е сериозен противник на американската надворешна политика.Вчера го спомнавме неговиот статус, кој никого не остави рамнодушен. И кој можете да го прочитате на следниот

Пронајдете не на следниве мрежи: