Оливер Стоун постави контроверзен статус за задкулисните игри на Западот по средбата со Виктор Јанукович!

Loading...

Американскиот режисер Оливер Стоун, извено време беше отсутен од социјалните мрежи, бидејќи беше зафатен со подготовките за филмот кој ќе го следи животот на Сноуден, како и поради нарушената здравствена состојба. Кога конечно застана на нозе по лошата настинка, Стоун реши да се огласи на Фејсбук.Но, тој издвои време за да се обрати на Фејсбук и накратко да раскаже како поминала неговата средба со Виктор Јанукович, сега веќе поранешниот украински претседател со кого се сретнал во Москва.
Осврнувајќи се на настаните, по кои Јанукович беше тргнат од позицијата претседател на Украина, Стоун направи паралела со други слични менувања на режимот во некои земји од светот и наведе дека тоа е масло на ЦИА.
Да потсетиме, Јанукович беше сменет од позицијата на претседател на Украина на 22 февруари годинава, но според Стоун, се чини дека вооружените лица кои убиле 14 полицајци, раниле 85 луѓе и убиле 45 демонстранти, биле дел од странска група која имала цел да предизвика немири.
Тој се осврна на случајот во 2002 година, кога настана инцидент во кој пред Владината зграда во Венецуела се собраа провладини и антивладини демонстранти кои се бунеа против режимот на Чавез, односно кога врз нив се пукаше од страна на непознати лица. Слична техника беше употребена претходно годинава, исто во Венецуела, кога Мадуро легитимно беше избран за претседател што резултираше со насилни обиди да биде тргнат од функцијата.
Без влакна на јазикот, Стоун ја обвини ЦИА дека ја направи истата работа во Иран во 1953 година, во Чиле 1973 година, како и во многу други земји. Тој ја нарече оваа техника „Промена на режимот 101“.
Според него, валканата приказна продолжува понатаму да се пласира во случувањата со „Русија и Крим“ и дека Западот упорно ја заташкува вистината.
„Вистината не се прикажува на Западот. Тоа е нереална перверзија на историјата и уште едно повторување на кампањата која Буш ја спроведе за Ирак. Но, верувам дека вистината конечно ќе исплива. Се надевам, навреме за да го запре понатамошното лудило.“
Оливер Стоун: БИДЕТЕ ИСПЛАШЕНИ, БИДЕТЕ МНОГУ ИСПЛАШЕНИ (I дел) (II дел) 

Post by Oliver Stone.

Но, тој издвои време за да се обрати на Фејсбук и накратко да раскаже како поминала неговата средба со Виктор Јанукович, сега веќе

loading...
Loading...