Омилената поза открива СЀ за него: Дознајте дали е мрзелив, бубалица или опседнат со секс

„Лажица“ ја обожуваат оние кои се мрзеливи во кревет, „доги“ оние кои израснале со порнографија и се опседнати со секс, додека „69“ им е омилена на оние кои имаат пореметување со вниманието…За карактерот на мажот можат да се заклучат многу работи само при едно гледање на неговите обувки или станот, начинот на однесување кон луѓето или начинот на заведување. Но, за вистински увид во неговата личност и впечатокот кој можеби се обиде да го сокрие, треба да обрнете повеќе внимание на неговата омилена поза во сексот.
Според овој краток и духовит водич низ секс пози, лесно може да се открие психолошкиот профил на мажот. Но, пред читањето, имајте на ум дека описите служат пред сѐ за забава.
Мисионерска поза
Овој маж уште во градинка бил оценет како некреативен. Никогаш не бил главна фаца во друштво, туку секогаш им се „лепел“ на популарните. Во животот не е премногу вешт при освојувањето жени, а оваа поза му дава сигурност дека тој е главен. Мисли дека палењето на една свеќа е врв на романтиката, а најчесто е книговодител. Фразата која најчесто ја користи во креветот е „Дали ти се допаѓа? Дали ти се допаѓа? Ох, па ти заспа…“
Кучешка поза
Ова е маж кој своето сексуално искуство го има изградено врз основа на порно филмовите, а по сексот со една партнерка мисли дека е бог на сексот. За време на сексот мечтае за тоа партнерката да му биде обдарена како Ким Кардашијан. Во неговата историја на пребарувања на интернет можете да пронајдете 30 варијации на теми кои се однесуваат на жените. Фразата која најчесто ја употребува во креветот е „Види колку ми е голем…“. Овој тип мажи можат да се пронајдат во сите професии, а познати се по тоа што меркаат 99% од женските задници.
Стоечка позиција
Овој маж може да биде една од наведени две крајности – напреден математичар од НАСА кој навистина ги познава сите природни закони за можните услови, силата, степенот, триењето и сето она што го искористува при презентацијата на своите сексуални способности, така што неговата партнерка се чуди како тој ја држи во воздух, а таа е 10 килограми потешка од него.
Втора можност е дека тој е „напален“ билдер кој секој ден виси во теретана, а навечер ентузијастично ја демонстрира својата сила и во сексот. Притоа, тој повеќе се концентрира на изгледот на своето тело, а помалку на својата партнерка. Омилената „валкана“ реченица му е: „А сега крени ја својата лева нога и стави ја на моето рамо“.

Поза 69
Овие мажи исто така имаат богато сексуално знаење благодарејќи на порно филмовите, со единствена разлика што веројатно не можат да замислат ниту еден ден поминат без нив. Тие сметаат дека се неверојатни во кревет, а всушност се бубалици кои повеќе обрнуваат внимание на формата, отколку на содржината. Тие мислат дека оваа поза е секси, па дури и ако не уживаат многу во неа. Тие се типови кои прават многу работи одеднаш и можно е да имаат пореметување со вниманието.
Каубојска поза
Тој има хронични болки во грбот, голем стомак или едноставно е мрзелив. Тој радо би ја практикувал оваа поза, по можност без предигра. Припадниците на овој тип мажи се оние кои редовно јадат во пекара или нарачуваат пица, а волјата за работа ја имаат единствено ако чачкаат по својот автомобил или компјутерот. Не сакаат да вложуваат енергија во освојувањето на жените, иако тие по некои чудо ги посакуваат.
Лажица
Тој е изморен. Многу е изморен. Постојано работи нешто. Па дури и за време на сексот е можно да фрли поглед кон телевизорот. Во сексот не е премногу иновативен, а на жените остава впечаток дека мазењето му е побитно од сексот. Често и нема премногу самодоверба, но во оваа поза се чувствува најдобро зашто се има извежбано во бројните „мрзеливи утра“. Мисли дека жените паѓаат на романтика, па затоа ја крие својата перверзна страна. Токму поради тоа, тој често и им станува досаден. За време на сексот, најчесто изговара: „Те сакам“.За карактерот на мажот можат да се заклучат многу работи само при едно гледање на неговите обувки или станот, начинот на однесување кон луѓето или

Пронајдете не на следниве мрежи: