Телекомуникацискиот оператор ОНЕ лани остварил добивка од 1,2 милиони евра и успеа да ја надмине негативaта од 5,3 милиони евра од претходната година.„ОНЕ и Диги Плус Мултимедиа (дигитални услуги) значително ја подобрија својата успешност чијшто резултат се приходи од работењето во износ од 79.9 милиони евра, што е раст од 8% во однос на минатата година. EBITDA забележа значителен пораст и изнесува 14.4 милиони евра, т.е. раст од 51% во однос на минатата година. Оперативната добивка изнесува 1,2 милиони евра, со што се надмина негативата од 5,2 милиони евра од претходната година“, се вели во информацијата од компанијата кои додаваат дека на резултатот позитивно влијаеше надоместокот од одредени побарувања кон поранешниот сопственик на компанијата.
Добивката на Групацијата Телеком Словенија, од која е дел и македонскиот телекомуникациски оператор ОНЕ, во 2013 година изнесува 71,5 милиони евра, што е зголемување од 7,3 милиони во однос на претходната 2012 година.
Од Групацијата известуваат дека во 2013 година оствариле приходи од 799,2 милиони евра и бележат зголемување од 3,9 милиони евра во однос на 2012.
„Групацијата Телеком Словеније оствари нето добивка од 52.3, милиони евра, што претставува зголемување од 7.7 милиони евра или 17%, во однос на 2012 година. EBITDA достигна 237.8 милиони евра, што пак претставува намалување од 1% или 30.5% од приходите од нето продажба во 2012 година. Нето финансискиот долг на Групацијата Телеком Словеније е 341.5 милиони, намалување од 1% во однос на 2012. Во 2013 година, Групацијата Телеком Словеније одвои близу 111 милиони евра за инвестиции“, се вели во соопштението.
Бројот на корисници на Групацијата се зголемил за 5,3 отсто во мобилната телефонија, бројот на фиксни широкопојасни приклучоци е зголемен за 1,4 отсто а телевизиските приклучоци бележат раст од 15 отсто.2014 година, Групацијата Телеком Словеније планира да оствари нето добивка од 63 милиони евра, EBITDA до 212 милиони евра и CAPEX до EUR 137 милиони евра.„ОНЕ и Диги Плус Мултимедиа (дигитални услуги) значително ја подобрија својата успешност чијшто резултат се приходи од работењето во износ од