О’Нил: Не го менувајте името на државата, оти ќе ве избришат од картата на народите и географскиот атлас

Последната изјава на грчката влада дека нема да се согласи за приклучување на Македонија во НАТО под името ПЈРМ е пресврт на претходното грчкото изјаснување дека нема да се спротивстави на тоа Македонија да стане полноправна членка на Алијансата под референцата ПЈРМ и да ги изнесе уште еднаш, незапирливото непријателство на Грција кон Македонија во текот на изминатите 25 години, изјави во еклсузивното интервју по повод 26 години од независноста на Македонија, поранешниот медијатор во грчко-македонскиот спор, британскиот амбасадор Робин О’Нил за Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“.О’Нил посочи дека Македонија не треба да води камиказа и деструктивна политика, туку сите сложно да градат национална стратегија за Македонија.
-Не го менувајте името на државата, оти ќе ве избришат од картата на народите и географскиот атлас. Што се однесува за сервилноста на македонските политичари кон Грција, ЕУ и останатите моќни држави ќе нагласам дека во текот на 25-те и повеќе години од спорот, сите македонски влади им овозможи на грчките да ги направат сите работи и да ги диктираат условите на дијалогот, освен пријавата до Меѓународниот суд на правдата, што беше од голема важност, истакна О’Нил.
Посочи дека македонските власти ја презедоа оваа акција во надеж дека Грција ќе биде отворена за вистински преговори и во потрага по заемно прифатливо решение.
-Грција никогаш не покажа подготвеност да бара решение прифатливо за двете земји и ја прифати политиката на Македонија како знак на слабост. Метју Нимиц, преговарачот на Обединетите Нации, исто така, го следеше овој процес со голема трпеливост и во потрага на договорно решение, врз основа на тоа дека двете страни се подготвени да преговараат. Неговите напори не дадоа вистински одговор од Грција, потенцира О’Нил.
Вели дека во оваа ситуација гледа две можни насоки за акција. Според него, првата Владата да прифати ново име одбрано под диктат на Грција во надеж дека ова ќе доведе до нормализирање на односите меѓу двете земји.
-Ова ново име, се разбира, ќе наложи амандман на Уставот и референдум за одобрување. Ако Македонците гласаат против ова ново име, односите со Грција веројатно уште повеќе ќе се влошат. Исто така, мислам дека прифаќањето на ова ново име диктирано од Грција, би можело да ја поттикне Грција да направи понатамошни барања кои се однесуваат на македонскиот карактер на државата, во уверувањето дека Македонија е премногу слаба да се спротивстави на притисокот, истакна О’Нил.
Според него, втората опција е да се прифати дека е дојдено време да се стави крај на употребата на привременото име ПЈРМ по 25 години ќор-сокак и да аплицира во Генералното собрание на ОН за признавање на Македонија под нејзиното сопствено име, Република Македонија.
-Оваа апликација би била врз основа на тоа дека секоја држава според меѓународното право може да користи име по сопствен избор, под кое што многу членки на ОН веќе ја признале Македонија под нејзиното сопствено име, иако и покрај храбрите напори на Нимиц, Грција не покажа подготвеност во текот на годините сериозно да преговара и дека користењето на сопственото име Македонија во изминатите 25 години не предизвика никаква штета дома или на меѓународен план. Освен тоа, признавањето по толку години на Македонија, а не како привремена држава туку како трајна и активна демократија, ќе придонесе за стабилноста на балканскиот регион, рече О’Нил.
Потенцира дека доколку тој бил дел од советничкиот тим на Владата ќе  се залагал за втората опција. Тој додава дека Македонија лошо ќе постапи доколку дозволи овој спор да продолжи.
-Македонија да се врати во Меѓународниот суд и да побара од него да го повтори неговиот повик Грција да ја исполни својата обврска да се согласи за членство на Македонија во НАТО под името ПЈРМ. Секако дека ќе биде во интерес на балканскиот регион и стабилноста во просторот Македонија да биде во НАТО, а Македонија има значаен придонес кон Алијансата. Но, јас не мислам дека Грција ќе ја почитува таа одлука, исто како што не ја испочитува и претходната пресуда на Судот. Дури мислам дека Грција би можела да се откаже дури и од Времената спогодба. Во секој случај, не верувам дека таа акција ќе ја направи Грција пофлексибилна отколку досега. Тоа ќе го потисне секое решение по прашањето за името понатаму во иднина, порачува О’Нил.О’Нил посочи дека Македонија не треба да води камиказа и деструктивна политика, туку сите сложно да градат национална стратегија за Македониј

Пронајдете не на следниве мрежи: