Денеска од собирниот пункт кој го имаа воспоставено Општина Ресен и Општинската организација на Црвениот Крст од Ресен, кон централниот собирен пункт во Момин Поток во Скопје се испрати во две возила помош во различни намирници за настраданите во поплавите кои го зафатија Скопскиот Регион на 6 август оваа година.Во изминатите неколку дена , преспанчани на собирниот пункт донираа преку 1 и пол тон на вода , 120 паковки на конзервирана храна , разни паковања на бебешка храна , пелени и други производи за лична хигиена. Исто така преспанчани меѓу кои и дел од фирмите донираа пакети со кондиторски производи , кебина и производи за лична хигиена и дезинфекција.Ја користам оваа прилика јавно да им се заблагодарам на сите кои донираа и уште еднаш да потенцирам дека и самата општина еднократно додели 100 000 денари, советниците од Општината се откажаа од дел од својот месечен паушал а тимови од општината и Јавното Комунално Претпријатие секојдневно се на работни акции во загрозените подрачја. Акцијата за собирање на материјална помош на воспоставениот пункт ќе продолжи и понатаму- истакна Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски во присуство на Раководителот на ОО Црвен Крст Ресен г-ѓа Наташа Веловска.Во изминатите неколку дена , преспанчани на собирниот пункт донираа преку 1 и пол тон на вода , 1
Пронајдете не на следниве мрежи: