ООУ „Лазо Ангеловски“ е прво-рангирано во листата за училишно образование и одобрени се потребните средства од 14.540,00 евра, на објавените резултати од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, од одобрените грантови од програмата Еразмус+ на Европската комисија.Клучнaта акција КА101 подразбира учење преку индивидуални мобилности, кое пак, создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вештини и зголемување на културната свест. Проектите за мобилност на наставниците овозможуваат можност за мобилност и меѓународна соработка со училишта од европските земји, а сето ова ќе придонесе за интернационализација на македонските образовни институции, но и за зајакнување на нивниот личен и професионален развој и развивање на професионални вештини и компетенции.
Во рамките на одобрениот проект на ООУ „Лазо Ангеловски“, планирана е посета на два вида обуки и тоа, меѓународна обука за развивање на компетенциите на наставниците за работа со ученици со посебни потреби, како и меѓународна обука за развивање на ИКТ компетенциите.
Клучнaта акција КА101 подразбира учење преку индивидуални мобилности, кое пак, создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вешт