Карпош уште еднаш го потврди епитетот најспортска општина на територија на Град Скопје. На традиционалната манифестација „Спортисти на годината“, која се одржа вчеравечер во салата на Македонскиот Народен Театар, Основното општинско училиште „Петар Поп Арсов“ го доби признанието за најуспешен училишен спортски клуб од основните училишта за 2015 година на државно ниво.Училишниот спортски клуб „Петар Поп Арсов“ е формиран на 14 ноември минатата година, по донесување на одлука од страна на Министерство за образование и наука за формирање на училишни спортски клубови.
За големите успеси на основците „виновници“ се тренерите-професори во истото училиште, Александар Аргироски и Гоце Дукоски, кои уште на почеток започнаа со стручна и темелна работа со учениците во одбојкарскиот клуб за девојчиња и кошаркарскиот клуб за момчиња. Како резултат на макотрпната работа, успесите се покажаа уште на почетните натпревари.
Така, женскиот одбојкарски клуб стана првак на општинско, градско и државно ниво, додека пак кошаркарскиот клуб играше во „фајнл фор“ на општинско ниво каде го освои четвртото место, а беше учесник меѓу најдобрите четири и на градско ниво.
Клубот располага со реквизити и опрема за изведување на спортските активности кои се одржуваат во салата на училиштето. Од септември 2015 година почна да работи и клубот за футсал, со што бројката се искачи на три различни спортски клуба при УСК „Петар Поп Арсов“ во кои членуваат приближно 100-тина ученици од истоименото училиште.
Поддршката од Општина Карпош беше пресудна за многубројните успеси на клубот и реализација на спортските активности.Училишниот спортски клуб „Петар Поп Арсов“ е формиран на 14 ноември минатата година, по донесување на одлука од страна на Министерство