Соединетите Американски Држави ги предупредија бремените жени да избегнуваат патување во 14 земји, вклучувајќи го и Бразил, поради појавата на Зика вирусот кој се поврзува со различни нарушувања кај новороденчињата.„Вирусот се шири многу брзо во двете Америки, па трудниците би требало да избегнуваат патувања во тие земји“ – изјавил Лајл Петерсен од Центарот за превенција и борба против зарази.
Предупредувањето се однесува на Бразил, Колумбија, Ел Салвадор, Француска Гвајана, Гватемала, Хаити, Хондурас, Мартиник, Мексико, Панама, Парагвај, Суринам, Венецуела и Порторико.
Зика вирусот предизвикува треска, осип, болки во зголобовите, конјуктивитис, а симптомите обично траат пократко од недела дена.
Но, кај бремените жени вирусот може да се пренесе на плодот и да предизвика намалување на мозокот или смрт. Помеѓу октомви 2015 и јануари 2016 година, забележани се околу 3500 случаи на микроцефалија, кои се поврзуваат со Зика вирусот.
Се чини дека вирусот го разорува ткивото на мозокот коешто веќе е формирано и доведува до намалување на големината на мозокот и разни други нарушувања.
Сѐ додека не се дознае повеќе за вирусот, се препорачува бремените жени и жените коишто се обидуваат да забременат да ги избегнуваат подрачјата во кои е забележан Зика вирусот. За вирусот моментално не постои вакцина, ниту ефикасна терапија.„Вирусот се шири многу брзо во двете Америки, па трудниците би требало да избегнуваат патувања во тие земји“ – изјавил Лајл Петер


