Текстот е од 2016та година, но редакцијата сметаше дека е интересен за читање со податоците кои во него се изнесени.
Според бизарниот извештај од Кремљ, патријархот Кирил спроведе чуден ритуал на Антарктикот оваа недела кај мистериозниот „Ковчег на Габриел“, читајќи таен текст кој му го дал папата Франциско. „Ковчегот на Габриел“ е откриен во Мека на 12 септември 2011 година, кога градежен тим го пронајде под џамијата Масид ал Харам, пришто сите членови на тимот трагично настрадале по „емисија на плазма“ кога се обиделе да го ископаат.
При вториот обид за ископување на мистериозниот „Ковчег на Габриел“ на 24 септември 2015 година, дојде до втора „емисија на плазма“ која усмрти повеќе од 4.000 луѓе, а што саудиските надлежни институции го заташкале.
По вториот безуспешен обид за извлекување на мистериозниот објект, претставници од џамијата го контактирале патријархот Кирил во врска со прастар исламски ракопис кој руската православна црква го сочувала по нападот на римокатоличките крстосувачи на Црквата на светата мудрост (денешна Аја Софија) во 1204 година во Константинопол (денешен Истанбул), а кој се вика „Упатства на Габриел за Мухамед“.
Важно е да се напомене дека римокатоличките крстосувачи војувале и против исламот и против руската православна црква, што е една од причините зошто руската православна црква ги сочувала своите и муслиманските религиозни записи.
Во ракописот се опишани упатсвата кои ангелот Габриел му ги дал на Мухамед во пештерата Хира која се наоѓа на планината Џабал ал Нур во близина на Мека, а во која се наоѓа некаква „кутија/ковчег“ со неверојатни моќи кои не смеат да се користат затао што им припаѓаат само на Бога и кои треба да се закопаат во храмот кој ангелите го користеле за „обожување“ пред да биде создаден човекот сѐ до денот Јавам ал Кијамах, што во превод значи „Денот на воскреснувањето“.
Во извештаите се наведува дека морската истражувачка флота на чело со адмиралот Владимирски, на 6 декември 2015 година испловила од саудиското пристаниште Џеда со „Ковчегот на Габриел“ кон Антарктикот.
Откако дознал за „сериозните и глобални импликации“ поврзани со мистериозниот „Ковчег на Габриел“, папата Франциско го контактирал патријархот Кирил барајќи „итен“ состанок и предупредувајќи дека крајот наближува, по што патријархот Кирил се согласил да се сретне со него на Куба на 12 февруари, што претставуваше историски состанок помеѓу лидерите на овие две цркви кои не оствариле средба во изминатите 1.000 години.
Иако точната природа на преговорите помеѓу патријархот Кирил и папата Франциско не е позната, аналитичарите сметаат дека папата Франциско му дал на патријархот Кирил „древен ракопис“ кој се однесува на „Ковчегот на Габриел“, а за кој се смета дека директно ангелите го напишале и кои се спомнуваат во Книгата за Енох.
Се смета дека патријархот Кирил со помош на тој древен текст спровел „древен ритуал“ над „Ковчегот на Габриел“ во руската православна црква на Светото Тројство (единствената црква на Антарктикот) и дека мистериозниот предмет потоа бил пренесен од страна на специјалните сили на непозната локација.