По одреден период на неформална соработка, се појави вест за заедничкиот потфат помеѓу компанијата на познатиот дизајнер на Apple, Џони Ајв, и OpenAI, која е под раководство на Сем Алтман. Оваа иницијатива се реализира преку откуп на компанијата io, која Ајв ја основа минатата година заедно со неколку соработници. Со основањето на компанијата, нивната цел беше да се фокусираат на развој на хардвер, нешто што се разгледуваше изминатите години, но претходно се мислеше дека тоа ќе се врши преку LoveFrom, дизајн компанијата на Ајв создадена по неговото заминување од Apple.
Според извештајите на The Wall Street Journal, ја дознаваме насоката во која Ајв и Алтман планираат да се движат и што можеме да очекуваме од нивната соработка. Од достапните информации, OpenAI и io се фокусираат на развој на уред кој е на слична линија со два други уреди кои видовме дека не успеаја на пазарот во минатото. Сепак, Ајв и Алтман ова го гледаат поинаку. Нивната замисла не е да се замени смартфонот, туку да се создаде дополнителен уред кој корисниците можат да го носат со себе или да го користат на своето биро.
Повеќе детали за уредот не се достапни во моментот, освен дека тој ќе биде компактен, доволно мал за да се смести во џеб, нема да користи екран и ќе биде базиран на вештачка интелигенција. Ова значи дека можеме да очекуваме личен асистент во форма на мал уред кој ќе биде запознаен со навиките и околината на корисникот. Иако станува збор за големи компании со значителни финансиски средства, останува да се види зошто би било потребно луѓето да внесат трет уред за нешто што може да се оствари преку нивниот смартфон. Ова беше едно од главните прашања при претходното претставување на слични уреди од други компании, па можеби OpenAI и Џони Ајв имаат поинаква и подобра идеја за решавање на тоа.
The post OpenAI и Џони Ајв соработуваат на нов уред appeared first on 365.mk.