Портали блиски до опозицијата денес продолжија со лагите околу аболицираните лица од страна на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.„Игранката“ ја започна ТВ Телма која повикувајќи се на извори како „Фејсбук статус на затвореници од Идризово“ без да ја провери информацијата, соопшти дека Иванов помилувал силувачи и педофили, што беше најостро демантирано од страна на кабинетот на шефот на државата.
Ваквиот однос на една национална телевизија како Телма е зачудувачки и делува крајно тенденциозно и несериозно, велат познавачите.
Доколку не е измислена информацијата од страна на политички кругови и доколку навистина постоеле такви статуси на фејсбук од страна на осуденици, телевизија која претендира да биде сериозна како што е ТВ Телма не смее да постапи непрофесионално и да лиферува ваква информација во медиумите без да ја провери кај надлежните институции.
Примерот кој го постави Телма пред еден ден денес го следеа уште грст портали блиски до СДСМ. Тие денес во етер пуштија уште една лага повикувајќи се на „извори од Фејсбук“ – дека претседателот Иванов го помилувал осудениот за убиството на Мартин Нешковски.„Игранката“ ја започна ТВ Телма која повикувајќи се на извори како „Фејсбук статус на затвореници од Идризово“ без да ја пр