Уште пред почетокот на изборната кампања, започнаа кавгите и обвинувањата меѓу новинарските послушници на СДСМ за тоа кој подобро одработува за интересира на најголемата опозициска партија.Еден од најекспонираните медиумски перјаници на СДСМ, уредникот на порталот Мактел, Саше Ивановски- Политико во колумна објавена на својот портал ги прашува Бранко Героски и Владимир Милчин дали се свесни што зборуваат, бидејќи како што вели тој, тие биле “интергалактички копуци за политички маркетинг“.
Ивановски обвинува дека поради блискоста на Героски со Милчин, голем дел од финансиската помош од Сорос Фондацијата завршуваат во рацете на уредникот на весникот „Слободен печат“, додавајќи дека тие пари можат да бидат искористени поефикасно.
-Тие пари можат да бидат искористени многу подобро и поефикасно. Импактот на пример на Мактел кој доби само 2500е е речиси ист со импактот на Плусинфо кој доби неверојатни 50 000е од Сорос. Тоа е 20 пати повеќе!, пишува Ивановски и додава дека Милчин “заедно со неговиот загар Геро имаат замислено дека СДСМ треба да дојде на власт без никаков маркетинг пристап и стратегија“.
Ова не е првпат порталите блиски до опозицијата да влезат во меѓусебна кавга за тоа кој подобро и поефикасно одработува за СДСМ и за тоа кој колку заработува, односно треба да заработува бранејќи ја политиката и интересита на најголемата опозициска партија.
Извор: КурирЕден од најекспонираните медиумски перјаници на СДСМ, уредникот на порталот Мактел, Саше Ивановски- Политико во колумна објавена на својот портал г