Општина Аеродром почна постапка за изработка на Локален еколошки акциски план 2016-2022 за заштита и унапредување на животната средина на општината (ЛЕАП).Локалниот акциски план за животна средина ќе содржи среднорочни и долгорочни активности и мерки за заштита на животната средина и здравјето на луѓето од интерес и во надлежност на општината.
Документот е основа за планирање на заштитата на животната средина во период од шест години, преку проценка на моменталната состојба, идентификација на проблеми, дефинирање на мерките за заштита, зголемување на јавната свест и следење на имплементацијата.
ЛЕАП-от ќе биде изработен во согласност со Националниот акциски план за животна средина и Методологијата за изработка на локалните акциски планови за животна средина.
При изработка на новиот ЛЕАП ќе биде земено предвид и мислењето на жителите на Општина Аеродром, кои ќе треба да го пополнат ПРАШАЛНИКОТ на следниот линк https://www.surveymonkey.com/r/33YQFY6, со цел да се мапираат приоритетните еколошки проблеми во согласност со јавното мислење.Локалниот акциски план за животна средина ќе содржи среднорочни и долгорочни активности и мерки за заштита на животната средина и здравјето на луѓе