Општина Аеродром се приклучува кон одбележувањето на „Европската недела на мобилност 2016“, која оваа година од 16-ти до 22-ри септември се спроведува под мотото „Паметна и одржлива мобилност – влог за Европа“.По тој повод, во понеделник, 19.9.2016 година, од 13:00 часот ученици од ООУ „Лазо Ангеловски“ од Општина Аеродром, ќе ја разгледуваат Зоолошката градина и ќе се едуцираат околу исхраната на животните, а исто така ќе учествуваат и во хранење на морскиот лав.
Исто така, во вторник, 20.9.2016 година, од 10:00 часот во новиот парк во Општина Аеродром (на последна автобуска постојка на 5 и 15), дечиња од детските градинки и ученици од основните училишта ќе возат велосипед, ќе садат цвеќиња и ќе играат разни детски игри, со што ќе се промовира Општина Аеродром како најзелена општина во Градот Скопје.
По тој повод, во понеделник, 19.9.2016 година, од 13:00 часот ученици од ООУ „Лазо Ангеловски“ од Општина Аеродром, ќе ја раз