Општина Берово го одбележа Денот на Македонската револуционерна борба

На плоштадот во Берово, пред споменикот на македонскиот револуционер Димитар Беровски, обележан е Денот на Македонската револуционерна борба.Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода.
Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.
Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и на националностите кои живееле на оваа територија, за формирање независна држава.
Во политичка смисла, тогаш борбата за автономија значела формирање самостојна држава, па затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност, што резултирал денеска да имаме сопствена, независна држава.
Во чест на денот на Македонската револуционерна борба на споменикот на македонскиот револуционер Димитар Беровски  во Берово цвеќе положија :
Делегација предводена од Градоначалникот на Општина Берово
Делегација од политичката партија ВМРО ДПМНЕ и
Делегација од Социјалистичката партија.Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солун

Пронајдете не на следниве мрежи: