На есенската сесија на меѓународниот натпревар „Математика без граници“ во Стара Загора, Бугарија кој се одржа кон крајот на октомври 2016 година, учениците од ОСУ „Ацо Русковски“ се вратија со три златни медали и еден сребрен.Златни медали на меѓународниот натпревар освоија учениците Христијан Чочевски и Моника Стојовска ученици од трета година гимназиско образование и Милан Тасевски од втора година, а сребрен медал освои Никола Чамовски, ученик во трета година.
Токму ваквиот успех на учениците беше причина тие да бидат примени од страна на градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински, кој при средбата го истакна своето задоволство од нивните достигнувања, и како награда и поттик за уште вакви достигнувања им подари таблети.
На приемот кај градоначалникот присуствуваа и менторот на учениците професорот Крум Спенџарски, како и директорот на училиштето Гоџе Џалевски кој истакна деке квалитетот на образованието во училиштето е на доста високо ниво што го потврди и ова натпреварување, како и многуте признанија кои беа добиени во измината година, а и фактот дека училиштето од страна на МОН е прогласено за трето најчисто и најбезбедно средно училиште во Македонија.
Во периодот кој следува во училиштето се спремаат уште многу активности преку кои и понатаму ќе се подобрува наставно – образовниот процес што ќе допринесува за тоа гимназијата да се вброи помеѓу една од најдобрите во државата.Златни медали на меѓународниот натпревар освоија учениците Христијан Чочевски и Моника Стојовска ученици од трета година гимназиско образование и М