Општина Берово во соработка со ЈПКР “Услуга“ – Берово и оваа година ќе се вклучи во националната акција “Македонија без отпад 2016“.Проектот го спроведува Асоцијацијата „Ајде Македонија“ заедно со главниот покровител Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), преку проектот Цивика Мобилитас, и истиот има за цел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници.
Акцијата ќе се одржи на 1 октомври (сабота) со чистење на локација на туристичката населба Беровско езеро преку што ќе се намалат количините на несоодветно депонираниот отпад во Берово, со што Општина Берово и Македонија се вклучуваат во глобалната акција Let’s Do It World, поддржана од Европскиот парламент и спроведена во 121 земји во 2015 година.Проектот го спроведува Асоцијацијата „Ајде Македонија“ заедно со главниот покровител Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ),