Општина Берово: ООУ „Никола Петров – Русински“ и оваа година активно се вклучи во есенската акција „Ден на дрвото“

ООУ „Никола Петров – Русински“ и оваа година активно се вклучи во есенската акција  „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“  под мотото „Засади успех“.Спроведени беа повеќе активности преку кои се придонесе за подигање на еколошката свест и развивање на чувство за значењето на шумите за животната средина.
Пред сите ученици во училишниот хол беше одржана презентација за значењето на шумите за опстанокот на целокупниот жив свет. Од страна на наставниците и шумарски инжинер учениците беа едуцирани за препознавање на различните видови дрвја во околината.
Учениците од I, II и III одделение собираа паднати лисја и гранки од дрвја и изработуваа детски разгледници од природни материјали на заедничка работилница со родителите. Учениците од IV, V и VI одделение чистеа, уредуваа и засадуваа дрвца во училишниот двор заедно со вработените. Учениците од VII, VIII и IX одделение со одделенските раководители и наставници пошумуваа на локација во близина на Русиново.
Ученици од еколошката секција спроведоа еко парада со плакати низ населбата и делеа летоци на населението за значењето на шумите.Спроведени беа повеќе активности преку кои се придонесе за подигање на еколошката свест и развивање на чувство за значењето на шумите за&

Пронајдете не на следниве мрежи: