30-тина волонтери се дел од тимот од Општина Берово кој утринава отпатува во скопскиот регион за помош на настраданите семејства во поплавените населби во Скопскиот регион.Волонтерите се опремени со потребна опрема за расчистување на теренот и со поддршка од Општина Берово ќе помогнат во расчистувањето на теренот во најпогодените региони и населби.
Градоначалникот Наџински истакна дека ова е само еден од чекорите кои ги презема Општина Берово за помош на настраданите региони за кои од Буџетот на Општина Берово ќе бидат донирани и парични средства на донаторските сметки, а отворен е и собирен пункт во Бизнис инкубаторот во Берово каде сите граѓани можат да донираат производи за помош за настраданите.
Во оваа акција се вклучи и градоначалникот кој донираше флаширана вода за пиење.
Собирниот пункт во Бизнис инкубаторот во Берово е отворен до четврток (11.08.2016 год.) во временскиот период од 8.30 до 16.30 часот каде граѓаните можат да донираат вода за пиење, храна со подолг рок на употреба, средства за лична хигиена и дезинфекција додека сите заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош со уплата на Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка или со донирање 100 денари преку телефонски повик на 143 400 преку сите мобилни оператори.Волонтерите се опремени со потребна опрема за расчистување на теренот и со поддршка од Општина Берово ќе помогнат во расчистувањето на теренот во н