Општина Берово: Завршена реконструкцијата на зградата на месната заедница во Владимирово

Во село Владимирово заврши реализацијата на уште еден од проектите кои беа најавени од страна на градоначалникот на општина Берово за реализација кон крајот на 2015 и почетокот на 2016 година. 
Старата зграда на месната заедница во Владимирово во последните неколку месеци целосно е реконструирана со што централното подрачје на Владимирово доби еден сосема нов лик со обновата на зградата која има историско значење за селото и е изградена во почетокот на 20-тиот век.
Реализацијата на проектот опфаќаше промена на кровната констуркција, обнова на фасадата која ги задржа препознатливите фасадни орнаменти, како и промена на старата дотраена дрвена столарија со поставување на нова алуминиумска столарија.
Со реконструкцијата на објектот кој е во сопственост на општина Берово градоначалникот ја потврди својата заложба за заштита на објектите во општинска сопственост, но постигнува и уште една цел – заштитен е објект кој се вбројува во културно – историските споменици во општина Берово.
  
Старата зграда на месната заедница во Владимирово во последните неколку месеци целосно е реконструирана со што централното подрачје

Пронајдете не на следниве мрежи: