Општина Битола: Доделени четвртоноемвриски награди

На посебна свеченост по повод ослободувањето на Битола, која се одржа во Народниот театар, беа доделени четвртоноемвриски награди на најзаслужните. Наградите беа доделени според одлуката донесена на управниот одбор на Фондот  за наградата „4 Ноември“.Општинската награда „4 Ноември“, за животно дело годинава е доделена на Милица Шперовиќ – Рибарски – пијанист, заради нејзиниот придонес во афирмацијата на Битола и уметноста и културата во Битола и Македонија, како и заради нејзината брилијантна заокружена, континуирана творечка целина во развојот на образованието, уметноста, културата во Битола и Република Македонија, како професор, уметник и организатор на Интернационалниот фестивал „Интерфест“ Битола кој оваа година слави јубилеј 25 години од неговото постоење.
Една е од најзначајните пијанисти со исклучително активна музичко-сценска дејност во текот на долгогодишната уметничка кариера повеќе од 55 години. Со своето делување таа претставува типичен пример на вљубеник во Битола.
Наградата за животно дело и се доделува во вид на плакета  и паричен  износ од 60.000 денари.
Општинската награда „4 Ноември“ за 2016 година беше доделена на:
– Здружение на пензионери – Битола како најголема и најбројна невладина асоцијација од околу 17.000 членови. Истата има истакнато место во современото живеење на град Битола. Реализираните активности на здружението се високо ценети, вреднувани и докажани, на локално и на републичко ниво.
Здружението планира и реализира низа активности со цел подобрување на животниот стандард на највозрасната популација во градот како што се: организирање на разни манифестации од културно-забавен и спортски живот, активно вклучување и учество по повод значајни манифестации во градот, одржување на голем број предавања од областа на науката, медицината и културата, под мотото „Да ја запознаеме татковината“, се вршат околу 100 патувања со посети на културно-историски знаменитости во земјата и други активности во текот на годината.
Здружението оваа година прославува 70 години од своето постоење.
– Интерно одделение при Клиничка болница Битола
Интерното одделение оваа година прославува 70 години активна работа, раст и развој, опишани во Монографијата „70 години интернистичка дејност во Битола“. Денес во Интерното оддделение работат 31 лекар специјалист (субспецијалист), 30 медицински сестри и 14 лица како помошен персонал со најсовремена апаратура и примена на современи средства за лечење на внатрешни болести. Секојдневно на Интерното одделение се вршат прегледи во интернистичката амбуланта, односно околу 20.000 прегледи годишно.
Од формирањето Интерно одделение е во постојан развој.
 – ЗК „Пелагонија“ – Битола
Како добитник и реализатор на инвестицијата – Најголема инвестиција во модерно земјоделско и сточарско стопанство во Република Македонија. Компанијата во последните три години изгради современа фарма со капацитет од 2.000 молзни крави и во 2016 г. ја реализира инвестицијата во биогасни централи, со што го заокружи вкупниот капацитет од 6 МW производство на електрична енергија. Напоредно, континуирано инвестира во најсовремени агротехнички мерки и врвна земјоделска механизација.
Наградата за поединци и групи творци се доделува во вид на диплома и паричен износ од 15.000 ден.
Наградите на добитниците им беа доделени од градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, кој честитајќи им го признанието, на наградените им посака уште многу нови резултати и уште поуспешна работа.
 
 Општинската награда „4 Ноември“, за животно дело годинава е доделена на Милица Шперовиќ – Рибарски – пијанист, заради нејзи

Пронајдете не на следниве мрежи: