Општина Битола и локалниот кризен штаб со повеќе активности, опрема и човечки ресурси веќе пет дена континуирано дејствуваат на терен во поплавените подрачја во скопско.Над 100 луѓе, волонтери, вработени во општинската администрација, јавните претпријатија и други институции, и денес заминаа во местата кои беа зафатени од силното невреме, сакајќи да дадат помош и поддршка за оние граѓани, на кои сега им е најпотребна.
Јавното претпријатие Комуналец од Битола, покрај дел од вработените, на терен испрати и 8 тонска цистерна со висок напон, а територијалната противпожарна единица континуирано е вклучена во акцијата со свои професионални екипи, противпожарни возила и друга опрема.
Со механизација и други технички средства, активно се вклучени и КЈП Нискоградба, ЈП Водовод, ЈП Стрежево, РЕК – Битола и ФОД Дооел Новаци. Локалната самоуправа на терен во поплавените подрачја во Скопје ги испрати проценителите со кои располага општинската администрација, кои треба да помогнат во проценката на направените штети од полавите.
Пред два дена, на вонредна седница, Советот на Општина Битола донесе одлука за помош од еден милион денари за настраданите граѓани од поплавите во скопско.
Општина Битола останува во координација со другите институции и Центарот за кризи од Скопје, со цел обезбедување на потребната помош од човечки ресурси и механизација и во наредните денови.Над 100 луѓе, волонтери, вработени во општинската администрација, јавните претпријатија и други институции, и денес заминаа во местата кои беа зафа