Се информираат сите граѓани кои ги пропуштиле старите роковите дека повторно ќе имаат можност да поднесат барања и да ја докоплетираат поднесената документација за легализација на своите дивоизградени објекти.Заради подобрување на процесот на реализацијата и заради прифаќање на барањата на граѓаните, направени се измени на Законот, со кој се предлага продолжување на рокот за комплетирање на поднесената документација, како и нов рок за поднесување на барања за легализација на дивоизградените објекти.
Согласно измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти , објавен во Службен весник на РМ бр.217 од 11 декември 2015год., рокот за достава на елаборатите за легализација на дивоизградени објекти се пролонгира до 31 март 2016 година. Граѓаните што веќе имаат поднесено барања може да достават геодетски елаборати до 31 декември 2016 година. Услов е објектот што е предмет на легализација да е изграден заклучно со 3 март 2011 година.
Со овие законски решенија се овозможува решавање на едно горливо прашање за многу наши сограѓани, прашање кое долги децении се провлекуваше во нашето општество и не им овозможуваше на граѓаните да стекнат сопственост врз сопствените домови .Заради подобрување на процесот на реализацијата и заради прифаќање на барањата на граѓаните, направени се измени на Законот, со кој се пр