Во содејство со претставници на регионалната канцеларија на Центарот за управување со кризи и локалното население, Општина Демир Хисар започна со чистење на дел од речното корито на Стара Река што поминува низ населбата Мургашево.Се механизација што ја обезбеди општината, како и лица сечачи од Подружницата на шумското стопанство „Бигла“, се сечат и отстрануваат корени и препречени стебла од врби, евли и други дрвни сортименти на повеќе места каде што имаше сериозни попречување во нормалниот водотек.
Се работи на делница од речното корито во должина од околу 1 километар при што со механизацијата, онаму каде што дозволуваат просторните услови, се проширува или продлабочува речното корито, а на неколку места се врши и исправување на речното корито. Целата „операција“ се изведува со поддршка на локалните жители кои беа најзагрозени за време на минатогодишните февруарски поплави, како и други лица од населбата чии што имоти, исто така, беа или се честопати под вода, известуваат од Општината.
Иако водотекот на Стара Река никогаш не може да се предвиди и да биде застрашувачки опасен по имотот, па и по животите на граѓаните од овој дел на населбата Мургашево, сепак, со ова расчистување, како што велат најзагрозените, колку – толку се овозможи послободен проток на водата и помала опасност од излевање на водата од коритото.
Минатогодишните февруарски поплави, коишто, како што велат Мургашевци, биле поголеми и од поплавите во 1962 година, најголеми штети и опасност по животите и имотите на граѓаните, предизвикаа токму во овој дел од Мургашевската населба каде што живеет десетина семејства.
Во локалната самоуправа постојат сериозни размислување и намери за изработка на посебен проект со којшто ќе се обезбеди трајно решение за заштита на граѓаните од поплави во овој дел од градот Демир Хисар.Се механизација што ја обезбеди општината, како и лица сечачи од Подружницата на шумското стопанство „Бигла“, се сечат и отстрануваат к