По повод претстојните новогодишни и божикни празници, градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски, имаше средба со игуменот на светиот Бигорскиот манастир свети Јован Крстител, архимандрит Партениј.Во едночасовниот разговор на којшто присуствуваше и познатиот македонски византолог, професор д-р Сашо Цветковски, во многу срдечна атмосфера, градоначалникот Блажевски го информира својот домаќин за напорите што општината ги прави во воспоставувањето на блиски односи со Македонската Православна Црква особено во делот на заштитата, промоцијата и афирмацијата на огромното културно и духовно наследство. Како најголем показ за посветеноста на општината во таа смисла, градоначалникот Блажевски го информираше Архумандритот за одржувањето на меѓународниот симпозиум посветен на духовните, просветителските и уметничките вредности на манастирот свети Јован Претеча кај Слепче којшто, исто така го носи името на еден од најголемите и најважни имиња во христијанството.
– Вие секогаш сте наш мил гостин бидејќи сте голем верник, заради тоа што често нè посетувате, но и заради тоа што ве чувствуваме како наш побратим бидејќи доаѓате од братски манастир што го носи името на нашиот заеднички патрон Јован Предтеча – рече на крајот од средбата игуменот Партениј кој своевремено служел и во манасторот кај Слепче.
По средбата со Архимандритот Партениј, градоначалникот Блажевски и професорот
Цветковски го посетија и манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во селото Рајчица кај Дебар каде што имаа кратка средба со сестринството на манастирот.Во едночасовниот разговор на којшто присуствуваше и познатиот македонски византолог, професор д-р Сашо Цветковски, во многу срдечна атмосфера, град