Општина Демир Хисар ја промовираше донацијата добиена од братската Општина Балчова

На платото пред општинската зграда, денеска свечено и пригодно беше промовирана донацијата од граѓаните на Општина Балчова, Измир, Република Турција, за граѓаните на Демир Хисар.Како што рече во своето излагање секретарот на Општина Демир Хисар, Љупчо Ангелевски кој ја прими донацијата при посетата и престојот во Балчова во авгхуст оваа година, се работи за донација договорена момеѓу градоначалникот на Балчова, Мехмед Али Чалкаја и градоначалникот на Демир Хисар, Љупчо Блажевски. Таа е резултат, рече тој, на договорот за воспоставување на односи на збратимување и долгорочна меѓународна соработка во повеќе области.
– Овој донаторски пакет содржи сто комплети јавни корпи за отпадоци со пластичен механизам и околу 1000 пластични вреќи. Вкупната вредност на донацијата е над 7 илјади евра. – истакна секретарот Aнгелевски.
Донацијата симболично ја прими градоначалникот Љупчо Блажевски кој упатувајќи лични пораки на благодарност до неговиот колега Али Чалкаја и граѓаните на Балчова, рече дека е среќен и исполнет што се остварија договорените активности од почетната мегусебна соработка.
– Во периодот што следува очекувам проширување и продлабочување на соработката што треба да даде резултати на општо задоволство на граѓаните од двете општини. Покажавме и потврдивме дека соработката нема да биде сведена и да заврши само на протоколарни посети, туку дека во иднина ќе резултира и со реализација на многу поголеми и посериозани заеднички проекти.
Денеска беа поставени шеесетина корпи и тоа на сите метални канделабри долж улицата „Битолска, како и на металните канделабри на улиците „1ви мај“ и „Македонија“. Дел од корпите ќе биде поставен и во дворовите на неколку локални јавни институции.Како што рече во своето излагање секретарот на Општина Демир Хисар, Љупчо Ангелевски кој ја прими донацијата при посетата и престојот во Балчова во

Пронајдете не на следниве мрежи: