Во големата сала во општина Гази Баба се одржа форум за стратегија за туризам на општината, кој беше во соработка со Факултетот за туризам и бизнис логистика, Универзитет „Гоце Делчев“.Учество земаа голем на број на компании од општината – Скопски саем, Сковин, Chauteu Kamnik, Континентал, ТА Весна Турс, ,институции – АППТРМ, град Скопје, Археолошкиот музеј на РМ, кои се со различна дејност, а сепак со голема улога за развојот на туризмот.
На форумот се опфатија сите аспекти за развој на туризмот: транзитен, конгресен и саемски, рурален туризам, угостителство и хотелиерство, спортот и рекреацијата, настани и манифестации, културно и историско наследство како и многу други аспекти на туризмот.
Свое обраќање пред присутните имаа: градоначалникот Тони Трајковски, доц. Д-р Никола Цуцулески и доц. Д-р Дејан Методијески од Факултетот за туризам и бизнис логистика како и раководителот на Секторот за ЛЕР и ИКР во општина Гази Баба, Сашо Трајков.
Целта на форумот е да се направи стратегија преку која подоцна ќе се имплементираат разни проекти кои ќе придонесат за развојот на туризмот во општина Гази Баба.Учество земаа голем на број на компании од општината – Скопски саем, Сковин, Chauteu Kamnik, Континентал, ТА Весна Турс, ,институции –