Општина Гази Баба со денешните 40, има доделено околу 6.340 решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на физички и правни лица, од околу 16.000 поднесени барања за легализација од страна на граѓаните.Формирани се повеќе тимови составени од вработени во општината, се за подобрување на динамиката на решавање на предметите, за постапување по барањата за легализација.
Решенијата ги подели градоначалникот Тони Трајковски и ја нагласи важноста од навремено добивање на информации за градење. Тој апелираше дека законот мора да се почитува и новите дивоградби се третираат како кривично дело.
Секоја информација за постапката за регуларно и целосно спроведување на законот за градење може да се добијат кај вработените во општината.Формирани се повеќе тимови составени од вработени во општината, се за подобрување на динамиката на решавање на предметите, за постапување по барања