Во основното училиште „Дане Крапчев“ се одржа модна ревија Trash Fashion на која се презентираа модели изработени од отпадни материјали со цел да се подигне еколошката свест за употребната вредност на отпадот.Како креатори на ревијата се претставија учениците : Ферузе Асанова, Андриана Милошевска, Ева Давковска, Ева Алексовска, Селма Косовиќ, Адиса Хоџиќ, Александар Недев, Клементина Аврамовиќ, Дијана Велковска, Михаела Марковиќ.
Манифестацијата беше збогатена со танцови настапи на учениците и интервјуата со креаторите кои открија од каде црпеле инспирација и кои материјали ги користеле при реализацијата на идејата.
Свој настап имаше хорот на училиштето, предводен од наставничката Роза Јаневска.
Тие ја отпејаа еко химната на училиштето.
Беа доделени и дипломи од натпреварите по биологија од општинскиот, регионалниот и државниот наптревар за учебната 2015/2016 година.Како креатори на ревијата се претставија учениците : Ферузе Асанова, Андриана Милошевска, Ева Давковска, Ева Алексовска, Селма Косовиќ, Адиса Хоџиќ